Древната Атлантида, мит или реалност?

Најпознатиот опис на Атлантида за прв пат го дава грчкиот филозоф Платон. Тој пишувал за цивилизација која се наоѓала на остров и се нарекувала Атлантида. Пропаднала во 10-от милениум п.н.е.

Drevnata-atlantida-mit-ili-realnost

Според Платон овој голем остров – континент имал површина од 154.000 квадратни километри и 20 милиони жители. Земјата изобилувала со топли извори, плодни рамници и канали. За богатството на Атлантда зборува и фактот дека градот бил опкружен со високи бронзени ѕидови покриени со злато и сребро.

Повеќето научници претпоставуват дека Атлантида се наоѓала на медитеранскиот остров, порано познат како Тера, чиј опис неверојатно се поклопува со описот на Платон. Она што останало од Тера денес е островот Санторини.

Островот Тера бил уништен во 1.500 година п.н.е. од силна експлозија. Со Тера исчезнала и високо развиената минојска култура за која модерната наука знае малку. Од малку информации кои се познати, може да се заклучи дека техничкото и цивилизациското ниво на Тера било многу високо.

Ископувањата покажале дека архитектурата била на повисоко ниво од било каде во светот, а населените места имале комплексен систем за канализација.

Жителите на Тера имале бродови со кои можеле да пловат до сите дестинации во Медитеранот. Како и жителите на Атлантида, жителите на Тера го почитувале бикот како божество. Дури и описот на колапсот на Атлантида, опишан од Платон е идентичен со оној кој се случил на Тера. Тера исчезнала за еден ден и една ноќ кога вулканскиот остров буквално експлодирал по земјотресот.

Дали новите теории и истражувања ќе го решат прашањето за постоењето на Атлантида, или сепак само се работи за познат мит, треба да дознаеме. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...
Мистерии решени со помош на Google Maps, од „обични“ луѓе Убиства, исчезнувања… Многу луѓе сонуваат да се најдат во улога на детектив, а с...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз „Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. Заработуваат многу и ...
Сосед ѝ истурил киселина бидејќи бил опседнат со неа: Потресната приказна на Наталија од Колумбија „Беше како вода. Не знам што ми истури, не се сеќавам дека почувствував некаков ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg