Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најлошите бизнис одлуки

najlosite-biznis-odluki-povekjeАко си мислите дека вие сте единствени кои носат тешки деловни одлуки и секојдневно мислат дека постапиле погрешно – се лажете. Верувајте ниту една...

 

...бизнис одлука не може да се спореди со овие кои ќе ви ги наброиме подолу. Сигурно не би сакале да бидете издавач кој ја одбил книгата Хари Потер или директор на Кока Кола кој одбил да го купи Пепси.

Еве ги едни од најлошите бизнис одлуки низ историјата:

najlosite-biznis-odluki

1. Хари Потер. Издавачка куќа го одбива издавањето на првата книга Хари Потер. Што ли се случило со уредниците во таа куќа?

2. Кока Кола не го купила Пепси. Ова било многу одамна, но главните во Кока-кола не сметале дека Пепси може да им биде конкуренција.

3. Маркетингот на бомбоните М&М не доволил тие да се појават во филмот ЕТ на Спилберг. На нивно место се појавиле слатките Reese's чија продажба вртоглаво пораснала.

4. The Beatles. Британска издавачка куќа Decca Records не потпишала договор со новата и непозната група The Beatles. Сметале дека се слични со тогаш популарните The Shadows.

5. ABC TV го одбиле „The Cosby Show“, објаснувајќи дека публиката никогаш нема да прифати да гледа нереална приказна за богата црнечка фамилија.

6. Телефон. William Orton, претседателот на кооперацијата Western Union Telegraph Company го нарекол телефонот (тогаш најнов изум) електрична играчка и одбил да го купи патентот од Александар Бел.

7. “Радиото нема никаква комерцијална вредност. Кој би платил за порака која не е пратена некому посебно?“ Прашал  Дејвид Сарноф во 1920 година како резултат на препораката да инвестира во производство на радио. И ја пропуштил шансата.

8. Мајкрософт. Еден од најголемите американски бизнисмени Рос Перот во 1979 година одбива да го купи Micrsoft за 15 милиони долари.

9. Нова Кока Кола. Кога почнале да губат од Пепси, креирале нов производ, т.н. Нова Кока Кола која не му се допаднала на никого, а луѓето почнале уште повеќе да купуваат Пепси.

10. „Епл тресе бебиња“. Американската компанија Apple минатата година донесе исто така лоша одлука. Пласираше апликација за iPhone на која се појавува бебе кое плаче. Со цел да го смирите, требало да го протресете iPhone-от. Apple ја повлекле апликацијата после само 2 дена поради реакции на родители и бројни организации, поради што и претрпеле извесна загуба.

Би можело да ве интересира:

9 знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу (и ќе ви биде подобро) Ако има здодевна задача што никој не сака да ја заврши, дали секогаш вие сте тој...
Џиновска пастрмајлија, огромно јајце од ној и уште 11 јадења со неверојатна големина Виенска шницла поголема од чинијата, лиснато печиво големо колку волан во автомо...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
Луѓе на кои им е „преку глава“ од нивните ужасни колеги (фото) Колега кој никогаш не ја затвора вратата од микробрановата, колега кој им го јад...
Мамела млади девојки да живеат со неа, па ги принудувала на проституција: Која е „најопасната жена н... Кет Торес се прослави откако беше фотографирана со Леонардо ди Каприо и тврдеше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg