Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан
Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во ресторанот за цените на храната.

Иако одењето во ресторан е нешто што го правиме сите, сепак постојат некои правила кои многумина не ги почитуваат.
Ова се грешки со кои им го нарушуваат комфорот на другите гости, им ја отежнуваат работата на келнерите или, едноставно, изгледаат како неучтиви личности.
Работи што не треба да ги правите во ресторан:
Да ги вознемирувате другите гости
Нормално, сите сакаат да се опуштат кога одат во ресторан и да разговараат со луѓето кои се со нив.
Ова е потполно прифатливо, но не заборавајте дека не сте само вие во ресторанот.
Ако зборувате многу гласно и ако правите врева повеќе од сите, секако дека ќе им пречите на другите гости.
Притоа, ако имате деца, внимавајте на нивното однесување – не им дозволувајте да трчаат низ ресторанот и да ги вознемируваат другите гости.
Да се однесувате супериорно кон келнерите
Не залудно велат дека најлесно ќе процените дали некој е добра личност според тоа како ги третира келнерите.
Никогаш немојте да се однесувате супериорно кон нив, да ги навредувате, да им зборувате со презир или потсмев или да го „истурате“ гневот врз нив.
Точно е дека тие се овде да ве услужат, но ова не значи дека се инфериорни во однос на вас.
Покажувајте им почит како и на секој друг.
Нормано, некогаш се случува да направат пропуст како и секој човек, но и во ваквите ситуации останете смирени и покажете почит.
Да носите храна од надвор
Дури и ако никој не ви рече ништо, навистина е неучтиво да си донесете храна или пијалак од надвор кога седнувате во ресторан.
Во ред е ако со себе имате шише вода или нешто слично, но немојте да почнувате да јадете и да пиете нешто донесено од надвор.
Да одите во ресторан пред затворање
Ако ресторанот е пред затворање, тоа значи дека кујната е исчистена и вработените се подготвуваат да си одат дома.
Доколку сакате да нарачате нешто пред затворање, вработените ќе треба одново да валкаат сè и после да останат долго откако ќе им заврши смената за повторно да исчистат.
Поради ова повеќето ресторани ги затвораат кујните и повеќе од половина час пред крајот на работното време.
Но, дури и ова да не е случај, почитувајте го работното време и не барајте да бидете услужени кога ресторанот е 10 минути пред затворање.
Да се жалите за цените
Денес лесно можете да ги проверите цените во ресторан – скоро сите имаат мени онлајн.
Ако ресторанот ви делува скапо, не мора да одите таму.
Точно е дека денес се поскапени многу работи, вклучувајќи го и јадењето во ресторан. Но, ако му се жалите на келнерот за цените, само ќе создадете непријатна ситуација.
Келнерите и вработените во ресторанот не ги одредуваат цените и нема потреба да ги коментирате со нив.
