5 предупредувачки знаци дека себеси се ставате на последно место

Сите врски во животот се комплицирани и баш тогаш кога мислите дека правите се најдобро, многу често излегува дека го правите токму спротивното.

5-predupreduvacki-znaci-deka-sebesi-se-stavate-na-posledno-mesto-01.jpg

Една од највообичаените грешки е ставањето на себеси на последно место.

Овие 5 знаци ќе ви олеснат да откриете дали го правите тоа и дали конечно треба нешто да промените:

1. Никогаш не го кажувате тоа што го мислите

Наместо да се побуните кога нешто не ви одговара, размислувате за тоа каква реакција ќе има другото лице и се плашите дека вашите зборови ќе го разлутат. Тоа што моментално ќе избегнете кавга може да ви наштети долгорочно.

2. Никогаш не инсистирате

Би сакале да одите во некој локал, но кога се договарате, само го спомнувате местото без никакви насоки и иницијативи? Луѓето кои го прават ова имаат ниска самодоверба, па ги премолчуваат своите желби за да не биде дека бараат премногу.

3. Секогаш имате изговори

За секое однесување кое не ви одговара, полесно ви е да смислите изговор и причина зошто тоа се случува, отколку да признаете дека е време за сериозен разговор. Ако се препознавте, никогаш нема да бидете среќни.

5-predupreduvacki-znaci-deka-sebesi-se-stavate-na-posledno-mesto-2.jpg

4. Лесно менувате планови

Дури и оние до кои навистина ви е дојдено, и тоа во истата секунда ако некој пријател или партнерот предложи нешто друго. Во ред е да се грижите за туѓите желби, но не по цена да ги жртвувате своите.

5. Давате повеќе отколку што добивате

Секоја врска има личност која дава малку повеќе од другата, но ако има голема разлика, со тек на време ќе почнете да се чувствувате запоставено. Пред да се соочите со низа негативни емоции, кренете ја главата и убедете се себеси дека сте повредни од она што мислите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Забавни ситуации во кои ќе се препознаат сите над 30 години: „Ова сум дефинитивно јас“ Порано се зацрвенувавте кога некој ќе ви дадеше комплимент, особено некој непозн...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
„Се вљубив во затвореник и му помогнав да избега од затвор во кафез за куче – 12 дена се криевме во ... Иако била во брак, Тоби од САД се вљубила во затвореник од затворот во којшто во...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава