5 причини зошто да уживате во „мрзлива“ недела

Дали сте оној тип на човек кој преферира празниците да ги помине на мирен начин и со уживање во сопствениот дом?

5-pricini-zoshto-da-uzivate-vo-mrzliva-nedela-01.jpg

Знаеме дека надвор е прекрасно и многумина едвај чекаат да излезат и да уживаат на сонцето, но некои, наместо тоа, преферираат да останат и да уживаат во удобноста на својот дом.

5 причини поради кој денот поминат во четири ѕида ќе ви донесе насмевка на лицето:

1. Организирање на гардероберот

Потонете во својот гардеробер и поедноставете го. Ослободете се од работите кои навистина не ви требаат, кои воопшто не ги носите или кои можеби ви се премали или преголеми.

2. Онлајн шопинг

Откако ќе го исчистите својот гардеробер, можеби ќе имате место за пополнување со нови парчиња облека. Неделата е најдобар ден за онлајн шопинг, бидејќи не сте во брзање и можете да се концентрирате на пребарување на интернет страни.

3. Уживајте во добар филм

Оној филм кој толку долго сакате да го гледате, можеби време е да седнете и да го изгледате. Или можеби вашата омилена серија – седнете и погледајте неколку епизоди.

4. Негувајте се

Уживајте во купка, лакирајте си ги ноктите, измијте си ја косата – едноставно одморајте се. Земете си малку време за себе и уживајте во слободната недела. Целиот ден е пред вас.

5. Гответе

Подгответе го вашето омилено јадење или пак, обидете се со некој нов рецепт. Зошто да не си поиграте со сопствената кујна или омилените намирници? Дајте си доволно време и уживајте во јадењето на најдобар можен начин.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без семафори и правила: Како изгледале сообраќајните метежи во минатото? (фото) Градовите немале инфраструктура за автомобили, но ова не ги спречувало луѓето да...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
13 драстични трансформации кои ќе ве воодушеват (фото) Драматичните трансформации не се случуваат само во филмовите или во реалните шоу...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава