Совет од психолог: Променете положба на стоење за поголема самодоверба

Не е тајна дека вежбањето го поттикнува нашиот мозок да почне да лачи допамин кој нè прави посреќни и задоволни. Но, не сме ни свесни колку положбата во која го држиме нашето тело може да влијае на тоа колку сме среќни и задоволни.

ako-sakate-da-bidete-polni-samodoverba-probajte-smenete-ja-polozbata-na-teloto-01.jpg

Психологот Ејми Кади покажува дека говорот на телото и те како влијае на нашата општа самодоверба, односно како ако стоиме исправени ќе се чувствуваме посилни, повеќе отпорни на стресот и со поголема самодоверба.

Нејзиното истражување покажува дека нашето тело дава повратна информација на мозокот преку положбата и на тој начин започнуваат да се лачат разни хормони во организмот. Зависно од положбата можеме да бидеме исполнети со самодоверба или да ни недостасува.

Гледано од психолошка гледна точка, на пример, положбата на телото каде седиме со раширени нозе нè охрабрува да се чувствуваме поудобно во сопственото тело.

Луѓето кои се помалку сигурни во себе, сакаат да бидат ненаметливи и незабележани, па заземаат помал простор, односно најчесто седат подгрбавени и ги држат стапалата заедно.

Па според тоа, можеби вреди да пробате и да ја промените положбата на телото, ако сакате да ја промените и вашата психичка состојба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
10 реални илустрации за тоа колку ни беше различен животот пред паметните телефони и онлајн достават... Порано беше незамисливо да се каже НЕ на роднина од друг град кој сака да преспи...
Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по брако... Иако пробувала да се однесува приземјено, Ивана несомнено ги сакала парите и рас...
Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја с... Семејство од Калифорнија цели 42 години ја кити истата елка за празничната сезон...
Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...

Најчитани неделава