Разгледницата која еден маж ја добил 9 месеци откако ја напуштил неговата бремена љубовница

Животот знае да ни приреди многу изненадувања. Секако, сите ние имаме некакви планови за иднината и често успеваме да ги оствариме, но неочекуваните нешта секогаш успеваат да „тропнат на нашата врата“.

razglednicata-koja-eden-maz-ja-dobil-9-meseci-otkako-ja-napushtil-negovata-bremena-ljubovnica-01.jpg

Ова посебно важи кога мислиме на љубовта која игра голема улога во нашите животи.

Еднаш, еден маж кој веќе бил во брак имал љубовница од Италија. Еден ден, таа му рекла дека е бремена.

Мажот не сакал да си ја уништи репутацијата ниту долгогодишниот брак, па ја замолил својата љубовница да се врати назад во Италија и детето да го роди во тајност.

Ѝ ветил дека парично ќе се грижи за детето, сè додека не наполни 18 години.

Жената се согласила да си замине и го прашала како да му потврди дека детето е родено.

Мажот ја замолил да му испрати разгледница со зборот „шпагети“ кога ќе се породи.

Се збогувале, а љубовницата се вратила назад во Италија.

Поминале 9 месеци...

Една вечер, кога мажот се вратил дома, наишол на неговата сопруга со широко отворени очи кои прашално гледаат право во него.

„Злато, денес добивме многу чудна разгледница“ - рекла сопругата.

„Интересно... Дај ми да ја видам“ - одговорил мажот.

Сопругата му ја донела разгледницата и ја следела неговата реакција. Човекот, најпрво прочитал неколку редови од кои неговото лице пребледело, а потоа се онесвестил.

На разгледницата пишувало: „Шпагети, шпагети, шпагети , шпагети , шпагети . Три со топчиња од месо, две без. Те молам испрати повеќе сос...“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што открива за вас начинот на кој се однесувате на слава? Дали сте од оние кои јадат брзо или бавно на слава, дали прибирате што ќе јадете...
Зошто не треба да ги покривате рацете на детето со крпа откако ќе излезе од базен? (видео) Според инструкторка за пливање, кога сте на базен со вашето дете, немојте да му ...
Онлајн курсеви, комуникација - Колку интернетот ни го промени животот? Начинот на комуникација, но и можноста да станеме експерт за некоја област благо...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
Расипани кочници, напад од диви животни: Совети кои ќе ви помогнат во опасни ситуации Што да направите ако сте нападнати од мечка, како да третирате изгореница од мед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg