5 животни совети за сите матуранти: Не се запишувајте на некој факултет само затоа што „другарката оди таму“

Сигурно сите сме ја доживеале еуфоријата наречена матурска вечер, многумина можеби сеуште се подготвуваат за да го доживеат последното собирање со класот и класниот раководител за да го овековечат крајот на едно убаво патување, а многумина тоа ќе го доживеат во иднина.

5-zivotni-soveti-za-site-maturanti-ne-se-zapisuvajte-na-nekoj-fakultet-samo-zatoa-sto-drugarkata-odi-tamu-01.jpg

Некако тие денови се можеби едни од најеуфоричните и ќе останат во вашите срца се додека сте живи, но што е она што треба да го запомните откако ќе завршат сите тие прослави.

Што е она што треба да се случи после завршувањето на средното училиште? Што треба да понесете со себе за да се справите со предизвиците кои ви ги носи животот после средното образование?

1. Не дозволувајте некој да ви ги контролира вашите соништа и амбиции

За да не се доведете до ситуација каде потполно без волја ќе го учите материјалот на факултет или ќе заглавите со професија која  ве измачува и не ви носи никакво задоволство, не дозволувајте никој освен вие самите да го одбере она што е најдобро за вас. Постојат средношколци кои често се притиснати од своите родители, особено кога станува збор за одбирање на факултетот или одлуката дали воопшто да се оди на факултет или не.

Што и да се случува, во целата таа збрка треба да запомните дека одбирањето на одреден факултет кој не ви се допаѓа или избирањето на факултет како опција ако не сакате да студирате, само за да ги задоволите своите родители не е паметно решение. Ако не сакате цел живот да бидете намуртени поради она што сте постанале кажете го цврсто вашиот став и борете се за она што сакате да биде ваша патека.

Можеби на почетокот ќе ви се лутат, но сепак тоа е вашиот живот и иднина која вие треба да ја градите на начинот на кој вие сакате.

2. Луѓето се менуваат, не се плашете да промените некој од вашите планови ако тоа го чувствувате во моментот

Одлично е доколку пред да се запишете во средно школо или за време на вашето учење во средношколските клупи сте знаеле точно каде и зошто сакате да се запишете на факултет.

Но, после сите тие години поминати таму, сфаќате дека можеби тоа не е она што сте го посакувале и тоа не е она што вие го сакате сега. Не се плашете од таа промена, имајте повеќе опции, не секогаш она што сме мислеле дека е правилно за вас било навистина правилното. Можеби едноставно она што ви било интересно во прва година, сега не ви се чини толку примамливо или можеби професијата која што сте ја сакале пред две години сега ви изгледа апсолутно непривлечна.

Тоа се случува бидејќи луѓето растат, учат повеќе, разбираат повеќе и тоа е еден природен процес на селекција. Ако чувствувате потреба од промена на вашиот првичен план, тогаш не се двоумете и направете ја таа промена без да се плашите дека ќе бидете осудувани.

3. Запомнете дека секој треба да ја следи својата патека во животот

Ако вашата другарка отиде на факултет, тоа не мора да значи дека вие исто така треба да отидете, или ако вашиот другар не оди на факултет, тоа не значи дека вие не треба да станете академски граѓанин само за да не бидете сами на факултет. Ако некој решил да се омажи или ожени тоа не значи дека и вие треба да ја следите таа патека.

Ако вашиот другар сака да биде доктор а вие инженер, тогаш не се премислувајте само заради тоа што тој избрал да студира медицина, па вие да не бидете сами ќе ја следите неговата патека. Секој во животот има различна цел и различна амбиција. Никој не е ист и никој не треба да биде ист.

За вашата иднина одлучувајте самите, секако во консултација со останатите, но сепак запомнете не треба да ги правите работите само затоа што другите ги прават на тој начин.

4. Образувајте се што е можно повеќе

Без разлика што ќе одберете, дали тоа ќе биде да студирате или не, секогаш образувајте се. Не го сфаќајте факултетот како место за да ја земете вашата диплома или неодењето на факултет како крај на вашето образование. Учете и надградувајте се, секогаш кога имате можност, посетувајте различни курсеви кои се несекојдневни и различни од она што го правите секојдневно.

Можеби во моментот ќе ви изгледаат бескорисни, но кога ќе дојде време да го пополнувате вашето CV ќе бидат и тоа како корисни. Дополнителен курс за програмирање, курс по прва помош, некоја иновативна летна школа.

Вложувајте во себеси, можеби ќе ви изгледа мачно и напорно, бидејќи кој сака да го потрпоши летото за да учи, но ако сфатите дека она што го нарекувате мачење е всушност влог за да се изгради вашиот карактер, зацврсти вашата личност се со цел да постанете некој и нешто во општеството, работите ќе бидат многу поинакви.

5. Поставете си предизвици

Гледајте да постигнете што е можно повеќе, туркајте се секогаш себеси до сите граници за да земете повеќе од светот, за да може светот да ве запомни. Не се задоволувајте со просечното, вашиот живот е огромна прилика за големи нешта, не дозволувајте да пропадне. Можеби сега немате јасна слика, но вашиот труд, се она што правите, се она што замислувате еден ден ќе прерасне во голем успех на кој ќе се гордеете. Затоа избегнете го просечното и стремете се да го остварите невозможното.

Сведоци сме секојдневно дека сепак и невозможното е возможно. Зошто да бидете запомнети како просечни кога можете да останете запишани во светската историја, со секојдневен труд и работа која на крајот секогаш се исплати и покрај фактот што секогаш ќе ви велат дека постојат неправди. Неправди постоеле и постојат, но квалитетот секогаш отстапувал и не останувал незабележан.

Преземете го животот во ваши раце, направете да биде една убава приказна која ќе вреди да ја раскажете. Земете ги сите спомени, лоши или добри, се она што сте научиле во средношколските клупи, повеќе од она што било настрана од лекциите, дајте му смисла на целиот тој период. Борете се да бидете успешни и да го остварите она што сте го зацртале.

Никогаш не потклекнувајте на депресијата и не се обесхрабрувајте, вашата напорна работа ќе се исплати. Колку и да не верувате на крајот сѐ ќе се исплати. Замижете и дозволете да ве облеат убави чувства за времето кога бевте средношколци, бидејќи од наесен нема да го има првото училишно звонче, нема да го има ниту 10-ти јуни.

Вашиот живот ќе се промени, а каква ќе биде таа промена, тоа зависи само од вас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg