Мудра приказна: Како другите гледаат на мене?

Што ако некогаш имате можност да „влезете“ во главата на луѓето околу вас и преку нивните очи да откриете како другите гледаат на вас?

mudra-prikazna-kako-drugite-gledaat-na-mene-01.jpg

Веројатно ќе добиете одговор на многу прашања кои ве интересираат. На пример, „Дали овој фустан прави да изгледам подебела?“, „Како гледаат другите на мене?“, „Дали им се допаѓам на прв поглед?“...

Еден ден, Сер Франсис Галтон, решил да направи чуден експеримент. Пред да замине на работа, се убедил себеси дека е „Најгрдиот човек и секој во Англија го презира“. Се фокусирал на оваа реченица неколку минути, а потоа излегол од дома.

Се соочил со непријателско и агресивно однесување од страна на другите. Многу луѓе го вртеле погледот на друга страна, дури слушнал и пцуење. Кога пристигнал до пристаништето, еден човек дури и го бутнал во кал.

Дури и животните биле агресивни. Случајно поминал покрај еден коњ кој го бутнал на земја. Се обидел да ги добие симпатиите од луѓето околу него, но тие биле на страната на животното.

Ова е приказна која ќе ја сретнете во многу книги по психологија, а нема за цел да потврди дека мислите некако магично можат да се материјализираат , туку дека тој почнал да се однесува во согласност со неговите мисли. Па, им дал до знаење на луѓето околу него дека така треба да се однесуваат со него.

Па од оваа приказна можеме да заклучиме една работа, другите луѓе ќе гледаат на вас онака како што и самите вие гледате на себе. Ако сакате да го промените ставот кој го имаат луѓето околу вас, морате ставот кој го имате кон себе да го промените.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
Со месеци му правеле егзорцизми, лекарите немале објаснување: Вистинската приказна зад најморничавио... Филмот The Exorcist е снимен според вистинската приказна за 13-годишно момче кое...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026? Покрај ваучерот за липосукција, како и скап третман за лице кој чини 25.000 дола...

Најчитани неделава