Без расправање: Трикови кои ќе ви помогнат да добиете сè што ќе посакате

Дали ви се чини како преговарањето со партнерот да ја фрли кесата со отпадоци како дискусија која никогаш не завршува? Постојат начин на кои можете да добиете баш сè што ќе посакате.

bez-rasravanje-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-dobiete-se-shto-kje-posakate-01.jpg

Сајмон Хортон, обучува бизнисмени са преговараат и има неколку совети со кои можете да ги добиете работите кои ги посакувате:

1. Преговарајте пред огледало

Истражувањата покажуваат дека луѓето можат подобро да преговараат ако го гледаат својот одраз во огледалото.

„Постојат серија истражувања кои откриваат дека не сме така рационални како што сакаме да мислиме, а тоа посебно може да се препознае по изразот на лицето кој го имаме. Затоа, важно е да се гледате во огледало додека го кажувате она што сте го намислиле и да ги следите вашите реакции“ - вели Хортон.

2. Сублиминални пораки

Сајмон тврди дека сите имаме способност да си испраќаме пораки едни на други на ниво на потсвеста и вели дека е важно да научите како да испраќате пораки токму на нивото на потсвеста.

Трикот е во реченицата која ја искажувате да ја „вметнете“ наредбата иако можеби, на прв поглед, вашата реченица има сосема поинакво значење - скриената порака во секој случај ќе има ефект.

„Можете да кажете: „Се прашувам кој ќе ја чисти денес собата? Одлучи ти“ и на тој начин не давате директна наредба, туку ѝ давате впечаток на другата личност дека рационално и самата ја донела одлуката“ - вели тој.

3. Фокус на заедничките непријатели

Ако не успевате да дојдете до разбирање во преговарањето или се грижите дека некој нема да го почитува вашиот договор, фокусирајте се на нешто што не и одговара на ниту една од страните.

4. Искористете ја моќта на допирите

„Допирот е моќно оружје во преговорите, бидејќи го зголемува нивото на окситоцин во крвта преку кој се зголемува и довербата меѓу двете личности“ - објаснува Хортон.

5. Прашајте наутро

„Луѓето полесно донесуваат тешки одлуки кога имаат високо ниво на шеќер во крвта - рано наутро или веднаш по оброкот“ - наведува Сајмон и советува дека важно е кога ќе го одредите времето за преговарање.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...
Американец нашол чудна и морничава пештера во близина на Област 51 – исчезнал кога отишол да ја види... Во 2014 година, Кени од САД напиша коментар на Јутјуб во кој зборува за чудна пе...
Неверојатни ситуации што се случуваат еднаш во животот (фото) Некои ситуации може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќе. Дури...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Хероите од нашето детство: Кои македонски актери ги глумеа принцовите, вредните и храбри момчиња во ... Принцови и храбри момчиња кои успеваат да го надмудрат и победат најсилниот, а с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg