4 навики на незрелите луѓе кои треба да ги исфрлите од однесувањето

Кај многу возрасни луѓе може да се забележи детско однесување кое воопшто не доликува на нивната возраст.

4-naviki-na-nezrelite-ligje-koi-treba-da-gi-isfrlite-od-odnesuvanjeto-001.jpg

Голема е веројатноста овие луѓе да се свесни за „сцената“ која ја предизвикуваат сакајќи на тој начин да добијат нешто. Другата спротивност е дека тие ги ставаат своите чувства и потреби на прво место и воопшто не им е грижа како тоа влијае врз другите.

Како резултат на тоа, перцепцијата која другите луѓе ја стекнуваат за нив е дека тоа се личности со кои не може нормално да се комуницира, па често ги исфрлаат од кругот на пријатели или ја прекинуваат врската со нив.

Сепак она што е е важно доколку сакате да ве почитуваат и да се однесуваат кон вас како кон возрасна личност е да започнете и самите да се однесувате како таква.

Следните четири навики се нешто кое е заедничко за ваквите луѓе, а ако се пронајдете во некоја од нив, веднаш обидете се да ја промените...

1. Претерувате

Ако сте личност која се буди со помислата дека тоа е последниот ден на светот и дека околу вас има само страв, терор, ужаси и слични други негативни емоции, големи се шансите да претерувате во вашите замисли. Концентрирајќи се на толку многу негативности немате време да ги забележите убавите нешта кои секојдневно ви се случуваат.

2. Имате многу гнев во себе и често го покажувате

Ако сте личност која честопати знае да избувне и за најмал проблем, тоа значи дека во вас се крие огромна количина гнев и незадоволство од кое морате да се ослободите. Ако не го направите тоа големи се шансите да останете без пријатели бидејќи ретко кој би сакал да се расправа со вас за секоја најмала ситница.

Кога имате некаква забелешка или не се согласувате за нешто обидете се да најдете поконструктивен начин и убаво објаснете го тоа наместо да викате и да се карате како мало дете на кое не му ја купиле саканата играчка.

3.  Се трудите да привлечете внимание по секоја цена

Луѓето ќе ви посветат внимание и ќе разговараат со вас доколку се чувствуваат убаво додека го прават тоа. Но, доколку се обидете на секој можен начин да го привлечете нивното внимание, дури и кога тие јасно ви покажале дека не се заинтересирани, ризикувате да ги изгубите целосно како пријатели.

Ако сакате да привлечете нечие внимание најдете некоја интересна тема за разговор или понудете се да помогнете, ќе видите дека со тоа многу полесно ќе комуницирате со луѓето.

4. Покажувате знаци на депресија/агресија

Ако честопати се чувствувате беспомошно, удирате по бирото, масата или ѕидовите, ги фрлате предметите во напад на нервоза, што побрзо побарајте помош од психолог или психијатар. На тој начин не само што ги бркате луѓето кои се околу вас, туку и си наштетувате себеси.

Под дејство на деструктивните чувства и мисли нештата изгледаат многу полошо од тоа што навистина се.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава