5 правила за однесување на нудистичка плажа

Денес, обожавателите на нудистички плажи веќе не се толку ретки и тоа не е нешто што би претставувало табу. Луѓето кои одат на нудистички плажи треба да знаат одредени правила и да се придржуваат до нив. А, верувајте ни, не е толку лесно.

5-pravila-za-odnesuvanje-na-nudisticka-plaza-01.jpeg

Ова се 5-те задолжителни правила кои мора да ги почитувате ако сте на нудистичка плажа:

1. Не зјапајте

Ова е лесно да се каже, но тешко да се направи. Природно кога посетувате плажа каде облеката не е задолжителна, вашиот природен инстинкт ви кажува да зјапате. Одолејте.

Најпрвото правило кога посетувате нудистичка плажа или се сончате топлес на било која плажа е комплетно да ја игнорирате апсурдноста на ситуацијата. Ако ви е комплетно неудобно, тогаш почнете така што ќе лежите со лицето надолу на крпа или читајте книга додека не ви стане барем малку поудобно.

Искрено, вие сте единствени кои сметате дека ситуацијата е чудна, па затоа ако се смирите и го прифатите тоа и другите ќе го направат истото.


2. Внимавајте на локалните диви животни

Бидејќи нудистичките плажи не се првиот избор на сите луѓе, на нив има поголеми шанси да се сретнете со некое диво животно кое може да биде опасно. Без разлика дали одите на утринско капење или на вечерно пливање, задолжително внимавајте на диви животни – и во водата и надвор од неа.


3. Земете 2 крпи

Топлес сончањето е сигурен начин како да излезете од вашата зона на комфор. А, при првиот обид тоа може да биде исклучително необично. Дури и оние кои апсолутно имаат самодоверба во своето тело може да се почувствуваат чудно и прекумерно изложено. Затоа, најдобро е да си земете уште една крпа ако сакате да се покриете макар и на кратко.

Нема ништо полошо од чувството да барате маичка или да се обидувате да се сокриете под пешкирот на кој лежите.


4. Одолејте им на социјалните мрежи

Една слика на Инстаграм, едно селфи на Снепчет... сфаќаме – ситуацијава ви изгледа комплетно смешна и можеби чувствувате потреба тоа да го дознае целиот свет. Од почит, почекајте да стигнете дома.

Има непишано правило кое вели дека „она што се случува на нудистичка плажа – останува на нудистичка плажа“. Просто кажано, вашиот снеп или фотка на Инстаграм сигурно ќе биде пречекана со прашални погледи и необични коментари. За да го избегнете тоа, најдобро ќе биде да ја прескокнете голата фотосесија на плажа.


5. Нанесете голема количина крема за сончање

Освен оние делови кои задолжително ги изложуваме на сонце при сончање, постојат делови кои никогаш не виделе сончеви зраци, (т.е. оние делови кои секогаш ги држиме покриени) а тие се почувствителни на сонцето за разлика од другите делови.

Фондацијата за заштита од рак на кожата препорачува да нанесувате свеж слој крем на секои 2 часа и веднаш по капење. Ако сте загрижени дека сепак може да изгорите, ви препорачуваме да понесете голем шешир и чадор за сонце. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава