Степени на пивско пијанство

stepeni-na-pivsko-pijanstvo-povekjeОние кои го сакаат – знаат кога е доста. Неговото величество пивото некои го сметаат за света работа. Во средношколските денови е експеримент.

 

Подоцна станува замена за дневната количина млеко. За сите оние кои се дружат со пивото можеби им е познат процесот на пивското пијанство, а за оние кои допрва почнале да го сакаат овој пијалок, еве ги чекорите од првата до последната голтка.

  • Пригода: Журка.
  • Локација: Било каде.
  • Пиво: Сите можни видови освен безалкохолно.
  • Количина: Колку ви душа сака.

1. Трезвеност. Ништо немате пиено. Сите функции ви се во ред и можете слободно да разговарате и за политичката состојба во земјата.

stepeni-na-pivsko-pijanstvo

2. Топлина. Неколку пива подоцна се појавува топлото пријатно чувство. Работите кои ве нервираат сега не допираат до вас. Чувството е прекрасно. Веќе не мора да пиете затоа што сте дошле до алкохолно блажена состојба. Сепак нешто ви вели да продолжите со пиво...

3. Клучна точка. Почнува да ви се гледа матно. Се сопнувате и клатите по ѕидовите. Налетувате на луѓе и не сакајќи ги полевате со пиво. Ништо страшно. Извинете се и продолжете. Не ви е јасно што е проблемот кога “не се напивте многу“.

4. Пијанство. Испивте доволно. И премногу. Таман колку можете да издржите во една ноќ. Не мора да викате и пеете наоколу. Разговарате прегласно и раскажувате се и сешто наоколу. Сега е тешко и да стигнете до тоалетот. Забрането праќање СМС до поранешни партнери.

5. “Разваљотка“ – Се наоколу се лула, јазикот ви се плетка, а баш сега сакате да кажувате километарски реченици. Совет - најдете некој да ве однесе под итно дома – ако сте способни и свесни. Ако не, ќе се разбудите во туѓ дом наредното попладне.

6. Плафон – сега веќе не сте свесни што правите. Најчесто влегувате во физичка пресметка, се ставате на некоја девојка упорно и ја напаѓате, девојките најчесто се расоблекуваат кога се во оваа состојба...

7. Земја. Уште една голтка од пивото и доаѓа бруталниот крај. Чувство како да умирате. Се што ќе направите сега утре ќе зажалите.

8. Клиничка смрт. Ви честитаме! Испивте доволно пиво за да добиете гратис испумпување на желудникот, прекршочна пријава и главоболка со гаранција!

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои мораа да направат пластична операција (и животот одеднаш им стана поубав) „Направив операција на носот поради проблеми до дишењето и сега сум како нов чов...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Се заглавиле во подводна цевка за нафта, никој не ни пробал да ги спаси: Детали за најморничавата ну... Во 2022 година, пет искусни нуркачи требало да поправат цевка за нафта на платфо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg