Моќта на позитивното размислување (видео)

Понекогаш се чувствувате како светот околу вас се руши, а тлото почнува полека да пука под вашите нозе. Без грижа, сите имаме жолти минути и лоши денови.

Mokjta-na-pozitivnoto-razmisluvanje-01.jpg

На таквите денови треба да им се крене бело знаменце, бидејќи колку и да се трудите, работите не одат од рака, но во останатиот дел од времето наречено живот, подобро е да се гледаат работите од поинаква перспектива, колку и да изгледа невозможно.

Ова кратко видео со весело музиче ќе ве потсети на едноставните, но важни работи за кои треба да бидете благодарни и среќни.

Погледнете го и добро размислете за 10-те работи кои укажуваат дека сепак – животот и не ви е толку лош.

1. Имате покрив над вашата глава.

2. Јадевте денеска.

3. Имате добро срце.

4. На другите луѓе им посакувате добри работи.

5. Имате пристап до чиста вода.

6. Некој се грижи за вас.

7. Им простувате на другите.

8. Имате чиста облека.

9. Не ја губите вербата.

10. Дишите!

Бидете благодарни за малите нешта, бидејќи тие се најважните во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава