Зошто никогаш немаме што да облечеме?

Гардероберот е извор на големи фрустрации, за многу девојки. Дури и да имаме стотици парчиња облека, како никогаш да немате што да носите кога треба да одберете нешто.

zoshto-sekogash-nemame-shto-da-obleceme-01.jpg

Но, зошто е тоа тала? Зошто имаме стотици опции, а не можеме да се одлучиме ниту за една?

Модната стилистка Али Кол го даде нејзиното експертско мислење: „Ние луѓето имаме тенденција да развиваме навики и секогаш гравитираме кон парчиња облека кои знаеме дека се добри и ни стојат“.

„Тоа што ги одбираме парчињата облека кои најлесно и најчесто ги носиме не излегуваме од нашата комфорна зона“ - додава таа.

Се чини како нормално објаснување, но дополнително на тоа постои уште еден фактор да го кажеме она добро познато „Немам што да облечам“.

zoshto-sekogash-nemame-shto-da-obleceme-1.gif

Денес едноставно сме презафатени за добро да разгледаме што имаме во гардероберот.

„Живееме во брз свет и полесно ни е да одбереме нешто што веќе проверено сме сигурни дека ни стои“ - објаснува Али.

„Овие парчиња облека како да стануваат единствените кои ги имаме во гардероберот“ - додава.

Па, кое е решението?

Најдете ден кога ќе бидете расположени и ќе имате доволно време и точно анализирајте што поседувате во гардероберот. Така, ќе ја елиминирате можноста да ги игнорирате парчињата кои речиси никогаш не сте ги облекле.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...

Најчитани неделава