20 прашања за секоја недела

Недела  - ужасен ден што нè потсетува дека после ноќта доаѓа работниот понеделник. Eве ви предлог за тоа како да ја искористите неделата да...

 

... ве припреми за сите згоди и незгоди што ве демнат во исчекување на наредниот викенд.

1. Што научив изминатава недела? –Доколку одговарањето на ова прашање ви е проблем, тоа е сигурен знак дека имате потреба од промени. Секој човек би требало во неделата да научи по нешто ново.

2. Кое беше моето најголемо достигнување изминатава недела? –Ова прашање е одличен начин за подигнување на самодовербата и задоволството во животот. А да не споменуваме и дека претставува огледало на вашиот успех.

3. Кој момент беше најзначаен минатата недела, и зошто? – Ова потсетување може да ве поттикне на започнување нови работи, откривање нови интереси, и сл.20-prasanja-za-sekoja-nedela-1

4. Која е најзначајната работа што треба да ја направам оваа недела? – Секој човек има ѕвезда водилка низ животот. Целта што ќе си ја поставите со одговарањето на ова прашање, ќе ве води низ неделата што следува.

5. Како да ја направам иднава недела помалку стресна? –Најдете начин да се организирате и да не ги губите нервите за предвидливи работи.

6. Што е она што ми претставуваше проблем изминатава недела, а може да се повтори и во наредната? – Идејата е нели, проѕирна. Навратете се на тешките моменти од изминатата недела, и размислете како да ги избегнете негативните резултати во иднна.

7. Кој ми беше најголемиот пораз? –И размислете зошто се случило така како што се случило. Има ли начин да се избегне во иднина, и што ќе превземете?

8. Дали заџвакувам преголеми залаци? – Уште една ретроспектива. Дали чувствувате дека во текот на изминатата недела сте си нафрлиле премногу работа, па не сакате тоа да се повтори? Рангирајте си ги задачите по важност, и прилагодете го товарот на вашите способности.

9. Дали има некои работи што еднноставно мора да бидат завршени а јас ги игнорирав? – Да, има куп досадни работи. Да, мора да се завршат. Повторно пенкалото и листот во рака, и запишете ги. Не размислувајте – завршете ги што е можно побрзо. Инаку, само ќе се трупаат и ќе ве нервираат.

10. Што сè ми се нуди оваа недела? – Направете конкретен план кон што ќе се насочите оваа недела.

11. Со кого сакав да разговарам? – Немојте да заборавате од време на време да изведете фина, отворена комуникација со луѓето околу себе. Потсетете се кого сте го заборавиле, и ставете забелешка да се му се јавите.

12. Дали некој заслужил огромно „Благодарам“? – Во текот на неделата, тешко ќе се сетиме некому да се заблагодариме. Но, викенд е, па размислете, дали некој заслужил да му се заблагодарите? Не одолговлекувајте – сторете го тоа веднаш. Сигурни сме дека некому ќе го разубавите денот.

13. Како да помогнам некому оваа недела? – Најдете начин да се најдете некому. Сигурни сме дека кога ќе имате потреба од помош, оној кому сте помогнале, прв ќе се јави на рапорт.

14. Кои се моите 3 цели за следниве 3 години? – Никогаш нема да напредувате доколку не си поставите долгорочни цели.

15. Дали направив нешто оваа недела што би можело да ме доведе до нивно остварување? – Ако одговорот е негативен, време е нешто да смените.

16. Кој е следниот чекор за секоја од овие цели? – Поставувањето на следниот чекор е основата за остварувањето на целите.

17. Што ќе очекувам со нетрпение оваа недела? – Ова е одличен мотиватор за преживување на напорната недела. Ако немате ништо што со нетрпение го очекувате, под итно креирајте нешто.

18. Што ме плаши? – Свесноста за нашите стравови не нè прави параноици, туку реалисти. Покрај тоа, претставува убава шанса да седнеме и да смислиме како да се справиме со нив.

19. За што сум најблагодарен? – Колку да си знаете на што сте.

20. Доколку ова е мојата последна недела на земјата, со кого би сакал да ја поминам? – Животот е проклето краток. Гледајте да поминувате повеќе време со луѓето што ви значат.

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
Перфекционизмот може да биде добар за вас на три начини Перфекционизмот најчесто е проследен со негативни ефекти врз вашето физичко и ме...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Како да измерите нешто, кога при рака немате линијар или метро? Со вашите дланки и прсти, но и користејќи ги димензиите на банкнотите – постојат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg