8 едноставни работи кои повеќето од нас ги прават погрешно
Постојат толку многу работи кои ги правиме секојдневно, што речиси и да не обрнуваме внимание на начинот на кој ги правите.

Се обложуваме дека и вие ги грешите овие 8 активности, па затоа ви нудиме начини како да си го направите секојдневието полесно:
1. Користење на миксер без неред - ви треба само една картонска чинија.

2. Како да направите чоколаден чипс (кој кај нас тешко се наоѓа) - рендајте чоколадо со ноже за лупење компири.

3. Како да го продолжите рокот на зелената салата - ставете хартија измеѓу неа и затворете ја во пластичен сад.

4. Чистење печурки - Наместо да поминете половина час во сад со вода, пребришете ги со влажна крпа. Така нема да се изгуби нивната арома, а ќе бидат чисти.

5. Како да ја вратите крцкавоста на житарките кои сте ги оставиле отворени - ставете ги во жешка рерна 5-10 минути. Ова е добар трик и за бајатиот чипс.

6. Како да ги соберете остатоците од теглите - додадете житарки и млеко. Добивате сладок оброк со вкус на путер од кикирики или крем, зависи што имало во теглата.

7. Сечење кромид без солзи - пред да ја исечете главицата, пропрскајте ја даската за сечење со лимонов сок.

8. Како да ги послужите загорените колачиња - Отстранете го загорениот дел со ренде.

М. Д. | Црнобело