Луѓето веднаш ве оценуваат: Каков ви е изразот на лицето?

Велат дека не можете да судите книга според нејзината корица, бидејќи многу често тоа што се наоѓа внатре во неа е далеку поважно. Велат дека изгледот знае да излаже...

izrazot-na-liceto-odreduva-kako-drugite-gledaat-na-nas-01.jpg

Но, реалноста е дека секој од нас, сакал или не, е „суден“ според изгледот.

Поточно, токму нашиот израз на лицето одредува како другите нè перципираат.

Науката вели дека лицето е огледало за сите наши емоции. Нашиот мозок ги препознава тие изрази кои ги прикажуваат емоциите и на база на тоа, донесуваме заклучок дали некоја личност ќе ни се допадне или не.

izrazot-na-liceto-odreduva-kako-drugite-gledaat-na-nas-7.jpg

Најновите истражувања покажуваат дека изразот на лицето е многу важен и при вработување. Колку изгледа подоминантни, толку се поголеми шансите дека ќе бидете вработени.

Од една страна ги имате оние луѓе кои изгледаат по пристапни и сигурни не се оценети според нивната насмевка, туку по изгледот на нивните очи. Колку се поголеми очите, толку таа личност се перципира како личност на која можете да ѝ верувате.

Доминантноста се перципира на база на тоа колку вашето лице изгледа андрогено.

Покрај овие карактеристики и аголот под кој стоите исто така влијае на тоа како некој ќе ве перципира.

Постојат одредени карактеристики на вашето лице кои прават да изгледате како личност од доверба:

izrazot-na-liceto-odreduva-kako-drugite-gledaat-na-nas-2_copy.jpg

Кога првпат формираме мислење за одредена личност, реагираме на малите промени во лицето, од обликот на веѓите до коскената структура на лицето. А, тоа го правиме спонтано и несвесно.

На пример, следниве ликови се оценети колку се пристапни, привлечни или доминантни на база на одредени карактеристики прикажани на сликата...

Од лево кон десно или не ги ги поседуваат карактеристиките или најмногу се пристапни, привлечни, доминантни...

izrazot-na-liceto-odreduva-kako-drugite-gledaat-na-nas-3.jpg

Доволни се 40 милисекунди за да формирате мислење за одредена личност. Дури младите деца на возраст од 3 до 4 години можат да откријат кој е „лош“, а кој е „добар“ според изгледот на лицето на личност.

izrazot-na-liceto-odreduva-kako-drugite-gledaat-na-nas-4.jpg

Крајната реалност е дека како што другите нè оценуваат нас, така и ние го правиме истото. Колку сме оформиле предрасуди за одредени луѓе, така и другите го направиле истото за нас. Тоа е реалноста која мораме да ја прифатиме.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава