Зошто изгледаме различно во огледало и на фотографиите?

Сигурни сме дека сте се нашле во ситуација кога едноставно не се препознавате себеси - во огледалото гледате една личност, а на фотографиите друга.

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-01.jpg

Но, зошто е тоа така?

Постојат неколку главни причини зошто гледаме две различни личности во огледалото и фотографиите:

Психолошкиот аспект

Многу често, кога се гледаме во огледало сме дома, релаксирани и послободни. Додека се фотографираме е исто како да се наоѓаме во некоја „странска, непозната територија“ и сме понапнати и повештачки.

Токму затоа, често се случува кога ќе се погледнеме во огледалото да изгледаме беспрекорно, а на фотографиите ситуацијата да биде спротивна.

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-1.jpg

Перспектива

Нашето лице не е симетрично и токму заради тоа настанува конфузија. Секое утро, кога стануваме, се гледаме во огледалото под одреден агол на кој сме навикнати, а на фотографиите не секогаш знаеме од која стана ќе бидеме сликани.

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-2.jpg

Баланс на светлината

Секое осветлување има своја одредена „температура“.  Кога се гледаме во огледало не ги перципираме топлинските аспекти на светлината, разликите се гледаат на фотографиите.

Како една ламба или посилна светлина може драстично да го промени изгледот на фотографијата? Пример се овие две фотографии за споредба:

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-3.jpg

Фокусирање на индивидуални делови

Не заборавајте дека често кога се гледаме во огледало се фокусираме на одреден дел од телото, не на истото како на целина, а приказната со фотографиите е обратна.

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-4.jpg

Огледалност

Никогаш не заборавајте дека кога се гледаме во огледало рефлексијата е спротивна на онаа од фотографиите.

kade-se-gledame-sebesi-realno-vo-ogledaloto-ili-na-fotografiite-5.jpg


Останува прашањето, која слика е пореална?
Онаа во огледалото или онаа на фотографиите? Одговорот е на фотографиите, но не грижете се, ако не си се допаѓате, можеби не сте сликани во вистинско време и со добра поза.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
8 ситуации кои на луѓето што живеат во град им изгледаат неверојатно кога одат во село Ако сте на диета, не ни помислувајте да одите на село, особено не кај вашата баб...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава