Научно докажано: 6 начини како да станете поатрактивни

Од еволутивна гледна точка, но и генерално земено луѓето се привлечени од личности кои изгледаат убаво, оние со симетричен лик, големи зелени очи, широка насмевка и слично. Но, тоа што не се сите родени со „манекенски“ изглед, не значи дека се помалку привлечни од останатите.

nauchno-dokazano-6-nachini-kako-da-stanete-poatraktivni-001.jpg

Сепак не бадијала е изреката: „Добрите круши, свињите ги јадат.“

Затоа не се обесхрабрувајте, секогаш постои начин како да ја покажете вашата сексиксипилност преку одредени техники, кои дефинитивно не се биолошки определени.

Држете се во група

Психолошки гледано секогаш изгледате подобро во група, отколку самостојно. Овој феномен е познат како „чирлидер ефект“ од причина што човечкиот ум се насочува кон тоа да направи просек од лицата кои ги гледа во група, многу повеќе отколку што гледа индивидуални субјекти. Ова оди во прилог на оние кои се физички помалку атрактивни.

Седете до затворање на барот

Кога ќе дојде време за затворање сите некако магично ви изгледаат попривлечни? Според едно научно истражување тоа е претставено како состојба на умот која се јавува кога ќе дојдете во ситуација на намален избор. Па така, како ви се намалуваат шансите да „ќарите“ некој, така истите тие луѓе од спротивниот пол ви стануваат некако посимпатични.

Смејте се почесто

Според едно британско истражување докажано е дека насмевката, а особено белите и споени заби оставаат впечаток на добро здравје и среќа. Па не е ни чудно што сите генерално ги перцепираме насмеаните луѓе како далеку попривлечни дури и од оние луѓе кои важат за навистина секси.

Облечете нешто во црвена боја

Црвената боја е боја на страст, на љубов и емоции. Според едно истражување на „црвениот ефект“, докажано било дека испитаниците кои учествувале во истражувањето, без разлика дали станува збор за машко или женско, паѓале на лица од спротивниот пол кои носат црвена облека.

Сменете го тонот на вашиот глас

Начинот на кој зборуваме игра значајна улога во тоа како другите не перцепираат. Генерално машките ги сметаат девојките со понежен глас за многу попривлени од останатите. За разлика од нив, девојките пак сакаат момци со подлабок глас.

Работете на вашата смисла за хумор

Општо познато е дека и мажите и жените сакаат партнерот да има добра смисла за хумор, меѓутоа разлика во однос на перцепцијата на хуморот кај двата пола секако постои. Па така, девојките сакаат момци кои ќе ги натераат да се смеат, додека пак момците сакаат девојки кои се смеат на нивните шеги.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава