Кога парите ќе ти удрат во глава: Најчудните потези на милионерите низ светот

Иако на милионерите им се восхитуваат многу луѓе кои сакаат да бидат како нив, понекогаш не треба да се земаат како пример.

koga-parite-kje-ti-udrat-vo-glava-najchudnite-potezi-na-milionerite-niz-svetot-01.jpg

На некои од нив парите толку им удриле во глава, што направиле бесмислени работи кои се граничат со лудило. Според нив, во нивниот живот не постојат истите закони како кај обичните луѓе, па често знаат да ја преминат линијата на нормалното однесување. Прочитајте неколку луди работи кои ги направиле ексцентричните богаташи низ светот:

1. Ајлин Греф е првата милионерка која се збогатила во виртуелниот свет. Имено, во играта за виртуелна реалност Second Life, аватарот на Ајлин купува големи имоти и ги препродава за виртуелни пари – линден долари. Досега Ајлин има собрано околу 300 милиони линден долари кои можат да се заменат во вистински пари. 275 линден долари вредат околу 1 долар.

koga-parite-kje-ti-udrat-vo-glava-najchudnite-potezi-na-milionerite-niz-svetot-02.jpg

2. Карл Рабедер пораснал во сиромашно семејство и отсекогаш сонувал да стане богат. Кога се збогатил, сфатил дека не е среќен и го подарил целото свое богатство, меѓу кое и вила на Алпите, имот во Франција и сите негови бизниси. Сега живее во мала куќичка на планина.

3. Гантер IV е најбогатиот германски овчар на светот. Овој пес добил наследство од својот татко, Гантер III кој наследството го стекнал од сопственичката, германската грофица Карлот Либенштајн. Гантер IV има свој фонд од повеќе од 300 милиони долари и велат дека ја купил вилата на Мадона во Мајами.

 koga-parite-kje-ti-udrat-vo-glava-najchudnite-potezi-na-milionerite-niz-svetot-03.jpg

4. Тајкунот Скот Александер не е обичен милионер со скапи автомобили и јахти. Тој си купил свој сопствен град. Градот е мало, приморско место во Бугарија кое тој го пренаменил во луксузен туристички комплекс со негови вработени кој го носи неговото име.

5. Николас Бергруен е милијардер - бездомник. Нема свој сопствен дом, туку отседнува во скапи хотели. Николас изјавил дека изгубил интерес за материјални работи, па започнал со ликвидација на сé што поседува.

6. Во 2013та, еден Бразилски милионер изјавил дека сака да го закопа своето Бентли за да може да го вози во животот после смртта. На овој потег бил инспириран од старите Еѓипќани кои ги закопувале со нив материјалните работи. Но, еден ден пред најавениот датум, изјавил дека тоа што сакал да го направи е апсурдно и дека наместо тоа, планира да донира органи кога ќе умре.

koga-parite-kje-ti-udrat-vo-glava-najchudnite-potezi-na-milionerite-niz-svetot-04.jpg

7. 71-годишниот милионер Салваторе Сем Керето бил откриен дека вржи нужда пред еден познат ресторан откако сопствениците поставиле камера на влезот. Причината за тоа е непозната.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава