Необични начини да се разладите без клима

Пеколно жешкото време на сите ни паѓа тешко. Климата не е секогаш најдобра опција бидејќи често се случува да настинеме, а морето и плажата се далеку.

7-neobichni-nachini-da-se-razladite-bez-klima-01.jpg

Со овие неколку начини можете да се разладите барем за некое време:

1. Ставете две пластични шишиња со вода во замрзнувач. Извадете ги и намесете ги пред вентилаторот. Како што ќе се топи водата, така до вас ќе стигнува ладен бран.

2. Свиткајте го јазикот во усната шуплина. Вдишете низ уста, издишете низ нос и повторете ја постапката неколку пати.

3. Натопете ја маицата во ладна вода, исцедете ја и облечете ја за кратко.

4. На лицето ставете тенки кругови краставица и легнете.

7-neobichni-nachini-da-se-razladite-bez-klima-02_copy.jpg

5. Натопете ги нозете во сад со ладна вода. Исто така, зглобовите на рацете држете ги под млаз ладна вода 30 секунди.

6. Постелнината ставете ја во вреќа и држете ја во замрзнувач некое време. Извадете ја пред да легнете да одморите.

7. За да се разладите, симнете се на долниот кат или во подрум (ова важи само за тие што живеат во куќа). Топлиот воздух се крева нагоре, па кога ви е жешко спуштете се долу.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава