Шеф стана хит на Твитер, откако вработена му побара слободен ден заради ментално здравје

Меделин Паркер, која работи како веб девелопер за компанијата Оларк, стана хит на социјалните мрежи поради тоа што побара слободни денови за да се фокусира на менталното здравје.

hit-na-tviter-devojka-pobara-boleduvanje-poradi-mentalnoto-zdravje-poglednete-shto-i-odgovori-shefot-01_1.jpg

Паркер и во минатото потенцирала дека во големите корпорации често се занемарува важноста на менталното здравје, а сега одлучи да испрати мејл до шефот во кој бара неколку слободни денови.

Нејзиниот мејл и одговорот на шефот Бен Конглтон станаа вирален хит и досега се ретвитнати повеќе од 9.500 пати, а собраа и над 32.000 лајкови.

Еве го нејзиниот мејл:

 hit-na-tviter-devojka-pobara-boleduvanje-poradi-mentalnoto-zdravje-poglednete-shto-i-odgovori-shefot-03.jpg

Здраво на сите,
Денес и утре ги земам како слободни денови за да се фокусирам на менталното здравје. Се надевам дека следната недела ќе се вратам освежена и во полн сјај.
Благодарам,
Меделин

А, еве го одговорот на шефот, за многумина изненадувачки:

hit-na-tviter-devojka-pobara-boleduvanje-poradi-mentalnoto-zdravje-poglednete-shto-i-odgovori-shefot-04.jpg

Здраво Меделин,
Сакав лично да ти се заблагодарам за овој мејл. Секогаш кога ќе напишеш нешто вакво, тоа ќе ми биде потсетник за важноста на користење боледување за проблеми со менталното здравје. Не можам да сфатам зошто ова не е стандардна пракса на сите компании. Ти си ни пример на сите и помагаш да се тргне стигмата за да можеме сите да доаѓаме на работа ментално здрави.

Реакциите на социјалните мрежи главно се дека Меделин направила храбар потег, а одговорот на нејзиниот шеф се гледа како позитивен пример кој и другите шефови треба да го практикуваат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...

Најчитани неделава