25 години документирала само богати луѓе: Која е лекцијата од расипништвото?

Лорен Гринфилд, документарен фотограф и филмски уметник со бројни награди во своето портфолио, започнала да фотографира и интервјуира богати луѓе уште на почетокот на ’90-тите години.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-01.jpg

Откако го завшрила своето високо образование на Харвард се вратила во матичниот Лос Анџелес и започнала да го документира богатиот стил и начин на живот.

Во тој временски период, Лорен сè уште не сфаќала дека го фотка почетокот на „расцутувачкиот материјализам и опсесијата со богатство“.

Оттогаш, нејзината пасија надминала интернационални граници, каде што таа посетила мегаломански резиденции, видела екстравагантни скапи пијалаци во ноќни клубови и тоалетни школки од 24-каратно злато.

Таа е можеби најверодостоен сведок со докази за американската опсесија со пластична хирургија и скапи материјални нешта.

„Она што го научив од моите многубројни субјекти е дека потрагата по богатство е еден бескраен процес кој не завршува никогаш и на крајот секогаш ве остава незадоволни. Како и секоја друга, и оваа потрага е еден вид на зависност, колку повеќе имате - толку повеќе сакате и дотолку повеќе мислите дека ви е потребно“, вели Лорен.

Доказите за мегаломанијата и опсесијата со пари и богатство се во облик на фотки и куси описи за богаташите кои ги запознала авторката во текот на кариерата:

1. Боб-лимузината, самопрокламираниот „Крал на лимузините“ носи 15 kg злато и долга крзнена бунда, подарок од боксерот Мајк Тајсон. Неговите лимузини се украсени со кристални лустери, имаат џакузи бањи внатре и стриптиз шипка за танцување.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-02.jpg

2. 43-годишната Xue Qiwen во нејзиниот апартман во Шангај, декориран со парчиња мебел од омилениот бренд Версаче во 2005 година. Во 1994 година започнала сопствен бизнис кој се занимава со продажба на индустриски кабли и оттогаш води уште 4 паралелни компании.

Таа е член на 3 различни голф клубови, а месечната членарина за секој од нив изнесува околу $100.000 долари.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-03.jpg

3. Кристина, 21 година, фармацевтски техничар во синџирот Walmart, на нејзината венчавка пристигнала во стаклена кочија како онаа на Пепелашка, влечена од 6 бели пони коњчиња и кочијаш специјално облечен за намената, во Дизни паркот во Флорида.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-04.jpg

4. Специјален VIP гостин изразил желба да „врнат пари“ додека се забавувал во ноќниот клуб во луксузниот хотел Marquee во Лас Вегас. Стотици доларски банкноти биле пуштени во клубот.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-05.jpg

5. Џемперот кој го носи Илона на фотографијата е специјално дизајниран за неа од страна на нејзиниот пријател, рускиот дизајнер Андреј Артиомов, чиј бренд Walk of Shame е особено популарен помеѓу жените на руските олигарси.

25-godini-dokumentirala-samo-bogati-lugje-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава