Светлечки плажи - неверојатен феномен на природата

Нашата планета и природата што нé опкружува се навистина магични. Има толку неверојатни природни убавини кои вреди да се видат барем еднаш во животот.

svetlechki-plazhi-neverojaten-fenomen-na-prirodata-01.jpg

Еден интересен природен феномен кој постои на неколку места се биолуминесцентните или „светлечки“ плажи. Овој необичен феномен е предизвикан од биолуминесцентните планктони и ракови во морињата и океаните кои, кога се активираат, ги осветлуваат плажите со прекрасна сина светлина и целото место изгледа како да не припаѓа на овој свет.

Овој феномен најчесто се појавува во летните месеци, а многу туристи патуваат специјално на местата каде го има, само за да го доживеат ова искуство. Светлечките плажи ги има во Калифорнија, Австралија, Јапонија, Малдиви и на неколку други места низ светот.

Погледнете ги фотографиите од овие неверојатни магични плажи:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Надреални фотки кои покажуваат колку е чудна природата Сте виделе ли ембрион од пајак? А мравјалник издлабен во дрво или, пак, најголем...
Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...

Најчитани неделава