10 начини како да препознаете квалитетно парче облека

Секогаш кога одиме во продавница по нов фустан, кошула или друг тип на облека, се трудиме да купиме квалитетен производ којшто ќе можеме да го носиме подолго време и којшто нема да ја изгуби формата или бојата.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod-01.jpg

Но, во реалноста често пати ни се случува по првото перење облеката да се смачка, искине или распара по првото перење.

Еве неколку совети како полесно да препознаете производи со добар, односно лош квалитет кога сте во продавница:

Проверете го квалитетот на ткаенината така што ќе ја изгужвате во рака

Земете дел од ткаенината и силно изгужвајте ја во раката неколку секунди, а потоа отпуштете.

Ако ткаенината изгледа како изгужвана хартија тоа значи дека билa обработенa со специјално средство за да ја одржува форматa. Ваквата облека ќе ја изгуби формата и ќе се претвори во крпа веднаш по првото перење.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (10).jpg

Повлечете ги рабовите за да ги видите празнините помеѓу нив

Производите со добар квалитет имаат зачестени и цврсти шавови на споевите на рабовите. Обидете се малку да ги повлечете зашиените делови, ако работ има неправилна форма на шавот тоа значи дека производот не е квалитетен.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (9).jpg

Избегнувајте отворени патенти

Обидете се да купувате облека со метални патенти коишто се прекриени со ткаенина, тие се најтрајни и најсигурни

Отворените пластични патенти често се расипуваат и се знак на лош квалитет кај скоро секој производ.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (8).jpg

Проверете дали облеката има доволно порабувањa

Панталоните и сукњите треба да имаат големи порабувања, дури и до 4 см. На блузите и маичките порабувањето е помало, околу 2 см. Ако нема порабување на облеката или таа е само помината со конец, тоа е знак дека најверојатно имате купено производ со лош квалитет.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (7).jpg

Лесно растегнете ја ткаенината

Како што кажавме, квалитетната ткаенина треба да ја задржи својата форма. Растегнете го фустанот или сукњата и потоа отпуштете, ако ткаенината ја изгуби својата форма тоа значи дека имате неквалитетен производ.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (6).jpg

Проверете дали должината на патентот е иста со должината на материјалот

Патентите на фустаните, здолништата или друг вид на облека треба да имаат еднаква должина со материјалот на којшто се прикачени, па дури и иста боја.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (5).jpg

Обрнете внимание на етикетите

Природните ткаенини како што се памукот, свилата и волната се трајни и поотпорни на избледување од синтетичките ткаенини. Но 100% памукот може да се смали после перење. Затоа треба да одбирате облека со мешавина 5-30% со вештачки ткаенини како вискоза, полиестер, најлон и др.

Така ќе бидете сигурни дека облеката нема да ви се растегне или смали и ќе ви трае подолго.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (4).jpg

Проверете дали се совпаѓаат конците и ткаенината

Внимателно испитајте ги шарите и бојата на конците со кои е обработен производот.

Доколку конецот не се совпаѓа со ткаенината и рабовите се зашиени со различна боја на конец, тоа е јасен знак дека облеката била шиена набрзина, а тоа значи дека кога се создавал овој производ не се обрнувало внимание на квалитетот, туку на квантитетот.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (3).jpg

Проверете ги копчињата и дупките за копчиња

Кога се прави фалсификат или нестандардна облека често пати не се обрнува внимание на деталите. Затоа пред да ја купите облеката проверете ги сите спојки и дупчиња за копчињата.

Проверете дали копчињата се добро зашиени и дали не стрчат конци од нив. Дупките за копчињата треба да се рамно обработени со правилен отвор.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (2).jpg

Внимавајте дали има остатоци од боја на местата коишто се превиткуваат

Ако бојата е избледена на рабовите, спојките и местата каде што се прикачени дршките или прерамките, тогаш производот не е квалитетен. Тоа значи дека бојата исто така ќе избледи постепено на целиот производ со тек на времето или само по неколку перења.

10-nacini-kako-da-prepoznaete-kvaliteten-proizvod (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава