Зошто McDonald's има жолто-црвено лого?

Скоро и да не постои некој што не слушнал за McDonald’s или не ја пробал нивната толку вкусна (иако не многу здрава) храна.

zoshto-mcdonalds-ima-zholto-crveno-logo-01.jpg

Овој популарен ланец постои уште од 1940-та година, а денес брои ресторани во 119 држави во светот. Нивното жолто-црвено лого  е препознатливо насекаде, а има интересна причина зошто се одбрани токму овие две бои.

Гледано од психолошки аспект, црвената боја асоцира на глад и апетит, а жолтата буди чувство на среќа кај луѓето. Комбинацијата од овие две бои означува динамичност и брзина – влегуваш, јадеш и си одиш среќен и задоволен.

Освен ова, жолтата боја е боја која најмногу се гледа на дневна светлина, па затоа буквата М од логото на McDonald’s се познава уште од далеку.

Експертите за маркетинг велат дека јазикот на боите е многу важен во смислувањето на логоа и реклами, па тоа е најдобриот начин на комуникација со пазарот и привлекување клиенти.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го уапсија во Северна Кореја, се врати со оштетување на мозокот: Трагичната судбина на студентот Ото... Младиот студент од САД отишол на 5-дненво патување во Северна Кореја, но пред да...
Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...

Најчитани неделава