10 секојдневни работи кои не сте знаеле за што служат

Дали знаете за што служи малиот отвор на катанците или запците на метрото за мерење?

10-sekojdnevni-raboti-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-01.jpg

Постојат предмети кои ги гледаме или ги користиме секојдневно, но не знаеме за што точно служат.

Во продолжение прочитајте која им е намената на ваквите работи:

Јамката на задниот дел од чевлите

Јамката со отвор која се наоѓа на задниот дел од некои чевли има две намени. Може да послужи како дополнителен отвор за врзување на врвки нагоре кон ногата и исто така за закачување на чевлите.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-02.jpg

Тркалезниот дел во внатрешноста на капачињата од шишињата

Ваквите тркалезни делови во облик на дискови се наоѓаат под капачињата на газираните пијалаци. Без нив, течностите што се во шишето ќе испарат.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-03.jpg

Малиот отвор на катанците

Ова отворче спречува да навлезе вода во катанецот за да не се оштети, а во зима го штити катанецот да не замрзне. Исто така, низ него може да поминат неколку капки моторно масло ако катанецот се заглави.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-04.jpg

Отворот на рачката од правосмукалката

Овој отвор е направен за да ја намали моќта на собирање на правосмукалката за кога ги чистиме завесите, на пример. Исто така, ова вратиче ја штити правосмукалката од прегревање, а помага и ако нешто е заглавено во цевката.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-05.jpg

Механизмот на рамките од прозорците

Со притискање на овој механизам кој го има на некои прозорци, режимот се пренаменува од „летен“ во „зимски“ и обратно.  Тоа е направено со цел прозорците да се прилагодат на временските услови за да функционираат правилно и подолго да траат.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-06.jpg

Отворот и запците на метрото за мерење

Сигурно сте ги виделе, но не сте обрнале внимание за што служат овие делови на метрото за мерење. Во отворот лесно можете да закачите шајка за да стои на местото од каде што сакате нешто да измерите, а запците оставаат трага за да не мора да обележувате со молив.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-07.jpg

Цртичките на буквите F и J на тастатурата

Цртичките кои ги има на буквите F и J на тастатурата од компјутерот служат да ги насочат слепите луѓе кои ја користат за да знаат на кој дел од тастатурата се со прстите и за да можат да ги погодат буквите.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-08.jpg

Отворот на стапчето од лижавчињата

Ова мистериозно отворче служи за да го држи поцврсто лижавчето и да не се растопи по стапчето, бидејќи карамелата на топло почнува полека да се топи.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-09.jpg

Релјефната површина на едната страна од памукчињата за отстранување шминка

Сигурно сте забележале дека памукчињата за отстранување шминка имаат различен изглед од двете страни. Едната страна е мазна, а другата е релјефна.

Со релјефната површина се нанесува шминката на лицето, а со мазната површина се чисти.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-10.jpg

Мрежата со сунѓерче на микрофоните

Обвивките на микрофоните во облик на мрежа со сунѓерче не служат само за декорација. Тие служат за да го задржат протокот на воздух и да не се слушаат звуци на крчење кога се користат микрофоните.

Во професионалните музички студија, овие обвивки го ублажуваат звукот на преградните (експлозивни) согласки кои произведуваат многу впечатлив звук кога некој пее.

11-sekojdnevni-neshta-za-koi-ne-ste-znaele-za-shto-sluzhat-12.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Барби, куклата со претесен струк и недоволна тежина Создадена во 1959 година од Рут Хендлер, Барби стана икона на поп културата и од...
Трикови и скриени намени на секојдневни производи што сигурно не ги знете Знаете ли како правилно да ги ставите малите црни шноли или зошто на ескалаторит...
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg