Имате големи колкови, на фотките сте насмеани: Чудни показатели дека ќе живеете долго

Си дозволувате неколку шолји кафе на ден

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно пијат кафе, имаат намален ризик за смрт. Имено, 1 шолја кафе на ден го намалува ризикот за рана смрт до 12%, а 3 шолји до 17%.

ne-se-plashite-od-starost-zavisni-ste-od-shoping-naviki-koi-vi-go-prodolzhuvaat-zhivotot-07.jpg

Имате животен партнер

Љубовта го зајакнува здравјето и се бори против негативните ефекти од стресот, а според истражувањата, среќниот брак го продолжува животот. Научниците од Харвард исто така веруваат дека бракот го намалува ризикот за срцеви заболувања, Алцхајмер и рак.

Истражување спроведено пак, на универзитетот во Чикаго, покажало дека женетите мажи живеат во просек 10 пати подолго од неженетите, додека пак, мажените жени живеат 4 години подолго од немажените.

ne-se-plashite-od-starost-zavisni-ste-od-shoping-naviki-koi-vi-go-prodolzhuvaat-zhivotot-08.jpg

Имате малку прекумерна тежина

Докажано е дека луѓето со мал вишок на тежина живеат подолго од луѓето со нормална, мала или претерано голема тежина. Научниците велат дека предноста на неколкуте килограми е тоа што ќе го заштитат телото од слабост во староста.

Или барем големи колкови

Научниците откриле дека жените со големи колкови можат да се пофалат со подобро здравје, бидејќи вишокот тежина во долниот дел на телото значително го намалува ризикот за кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.

Маснотиите на колковите се различни од оние на стомакот – салото во горниот дел на телото е опасно бидејќи покрива многу внатрешни органи што предизвикува проблеми.

ne-se-plashite-od-starost-zavisni-ste-od-shoping-naviki-koi-vi-go-prodolzhuvaat-zhivotot-10.jpg

Живеете во средина со позитивна атмосфера и хумор

Норвешките научници докажале дека пријателите со голема смисла за хумор го продолжуваат нашиот живот за 7 години.

ne-se-plashite-od-starost-zavisni-ste-od-shoping-naviki-koi-vi-go-prodolzhuvaat-zhivotot-11.jpg

Сакате да се грижите за други

Колку повеќе сопружниците се грижат еден за друг, толку подолго ќе живеат. А, истото важи и за бабите и дедовците кои чуваат деца и се грижат за нив.

ne-se-plashite-od-starost-zavisni-ste-od-shoping-naviki-koi-vi-go-prodolzhuvaat-zhivotot-12.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава