8 чудни работи во врска со вашиот папок кои веројатно не сте ги знаеле досега

Сите имаме папок, но дали во последно време сте го разгледале вашиот подетално?

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok-01.jpg

Одговорот најверојатно гласи не. Сите имаме папоци од раѓање, но сите ние ги прифаќаме како само една чудна длапка во нашиот стомак.

Се разбира, нашите папоци се остатоци од папочната врвка, односно од она што нè одржувало во живот додека сме биле во матката. Папочната врвка е флексибилна цевка којашто носи кислород и хранливи состојки од мајката до бебето.

Бидејќи пловиме во течноста во матката, папочната врвка е единствениот начин да ги добиеме потребните состојки за нашиот раст и живот.

Нашите папоци служат како потсетник за ова, но тоа не ги прави помалку фасцинантни. Ова се само неколку чудни факти поврзани со нашиот папок:

Само 10% од луѓето имаат испапчен папок

Постојат два главни типови на папоци: вдлабнат и испапчен. 

Иако повеќето луѓе сакаат да имаат вдлабнат папок, испапчениот папок е всушност многу редок. Според Американскиот природонаучен музеј, само 10% од луѓето имаат испапчен папок.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (1).jpg

Сечењето на папочната врвка не одредува каков ќе биде папокот

Некои луѓе веруваат дека начинот на сечење на папочната врвка одредува каков ќе биде папокот. Ова е неточно.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (2).jpg

Типот на папокот е одреден уште во матката

Всушност, дали ќе имате испапчен или вдлабнат папок зависи од начинот на којшто ви расте кожата околку папочната врвка.

Американскиот природонаучен музеј објаснува дека начинот на којшто вашата кожа се превиткува нанадвор или навнатре, зависи од процесот на зараснување и начинот на којшто вашата кожа се витка.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (3).jpg

Бременоста може да го направи вдлабнатиот папок да стане испакнат

Вашето тело поминува низ многу промени за време на бременоста. Една од тие промени може да влијае и на папокот. Притисокот одвнатре од стомакот којшто расне, може да доведе до тоа папокот да се испакне за време на третото тромесечје.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (4).jpg

Постои и совршен папок

„Совршен“ е секогаш релативен поим, но истражувачите мислат дека постои совршен папок. Пластичните хирурзи одредиле дека идеалниот папок е оној во форма на буквата Т, односно папок со нагласена качулка. Сепак, убавината е релативна, па дури и кога станува збор за папоците.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (5).jpg

Секоја година илјадници луѓе имаат операција на папокот

Кога веќе зборуваме за „совршен папок“, многу луѓе се решаваат да легнат под нож и да си направат таков.

Американската асоцијација на естетски пластични хирурзи изјавува дека стотици илјади луѓе прават естетска корекција на својот папок откако ќе направа липосукција, а неколку илјадници ги оперираат папоците без никаква потреба.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (6).jpg

„Волната“ во папокот е од облеката којашто ја носиме

Секогаш е загрижувачки кога ќе најдеме нешто во папокот, особено ако е нешто што вашето тело не го произведува, како волна. „Волната“ во папокот е само акумулирани влакна од облеката што ја носиме, а е премногу блиску до нашиот папок.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (7).jpg

Сите цицачи имаат папоци

Луѓето не се единствените суштества со папок. Сите цицачи имаат папок.

8-cudni-raboti-vovrska-so-vasiot-papok (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава