7 знаци кои ја разоткриваат нарцисоидната жена

Кога се говори за нарциси, по некое непишано правило, првенствено се мисли на мажите. Меѓутоа, припадничките на понежниот пол не се исклучок. Напротив. Тие може да бидат и тоа како нарцисоидни.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-1.jpg

Како да препознаете дали си имате работа со една таква личност? Ова се седумте знаци кои ја разоткриваат нарцисоидната жена:

1. Таа е главна тема на секој разговор.

Сите муабети кои немаат врска со неа се досадни и небитни. Туѓите проблеми, пак, исчезнуваат во моментот кога на нејзе ќе ѝ случи било каква ситница, за која може со часови да зборува. А, што е најлошо, ќе збесне ако ја запоставите подолго од две-три минути. Нарцисоидната жена мора секогаш да биде во центарот на вниманието.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-2.jpg

2. Постојано доцни и/или откажува планови.

Нарцисоидните личности немаат осет за чувствата на другата страна. Убедени се дека сиот свет врти околу нив, па едноставно не можат да сфатат дека мора да мислат и на останатите луѓе. Затоа, таа без пардон постојано ќе доцни, а ни откажувањето на плановите нема да ѝ претставува проблем.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-3.jpg

3. Полудува кога ќе слушне „не“.

Ако не сте сигурни дали си имате работа со нарцисоидна жена, обидете се да ѝ кажете само еден збор – „не“. Реакцијата сè ќе ви каже. Нарцисоидните жени немаат разбирање, а ни почит за луѓето кои ќе се осмелат да ги одбијат, особено за нешто кое тие многу го посакуваат.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-4.jpg

4. Флертува со луѓе кои не ѝ се допаѓаат.

Притоа, со леснотија ги занемарува туѓите реакции. Воопшто не ѝ е гајле дали личноста отспротива можеби ќе се загрее по неа. Според логиката на нарцисоидната жена, секако е невозможно да се остане  рамнодушен на нејзиниот лик. Па, флертот со луѓето кои не им се допаѓаат, за овој тип на личности претставуваат само попатна активност, преку која сакаат да покажат колку се важни и посакувани.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-5.jpg

5. Лошо зборува за луѓето во својот живот.

Кога се нарцисоидните луѓе во прашање, нештата се кристално јасни. Тие се на врвот од општествената пирамида, а сите останати се далеку под нив. Ова не ги вклучува само „небитните“ луѓе, туку и ним најблиските. Нарцисоидната жена секогаш погрдно ќе зборува за своите пријателки, или, пак, везден ќе ги критикува, сè со цел да се прикаже себеси како подобра.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-6.jpg

6. Никогаш не е виновна.

Прифаќањето на вината не е опција кај нарцисоидните личности. Таа нема никогаш да ги признае, да се покае, или, пак, случајно да се извини за сопствените грешки. Наместо тоа, нарцисоидната жена ќе даде сè од себе да ја изврти приказната, така што ќе испадне дека таа не е виновна за ништо. Виновникот е секогаш некој друг.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-7.jpg

7. Мобилниот телефон ѝ е преполн со селфи фотки.

Нема човек што одвреме-навреме не посакал да си направи добра селфи фотографија. Меѓутоа, на нарцисоидната жена тоа ѝ претставува секојдневно задоволство, коешто веќе се граничи и со опсесија. Мошне често ќе ја има и својата слика како позадина, за никогаш да не заборави која е љубовта на нејзиниот живот.

 7-znaci-koi-ja-razotkrivaat-narcisoidnata-zhena-8.jpg

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...

Најчитани неделава