10 причини зошто упорно не можете да се збогатите
Сите целат кон просперитет, некои побавно, некои побрзо, но сите очекуваме дека за неколку години од сега ќе имаме барем дупло повеќе.
Но, постојано нешто не оди по планот. Постојано сте шворц, а не можете да откриете зошто.
Постојат 10 работи кои треба да престанете да ги правите ако сакате да почувствувате позитивна разлика на сметката во банка.
1. Ги игнорирате новите познанства
Тие ви ги зголемуваат шансите за нови соработки и заработки за цели 68%.
2. Верувате во судбина
Богатите луѓе веруваат само во себе и своите способности.
3. Се гледа дека ја мразите работата
Колку и да не сте задоволни со условите и платата, бидете професионалец со насмевка на лице. Барем привремено.
4. Си го запоставувате здравјето
Не можете да бидете успешни ако не сте здрави.
5. Бегате од ризици
Богатите луѓе никогаш не се задоволуваат со просечното.
6. Гледате реални шоуа
Ако ги прашате успешните и богати луѓе, тие никогаш не би гледале телевизија, бидејќи тоа им е непродуктивна активност. Но, ако веќе седат пред телевизор, гледаат содржини со научен карактер.
7. Малку читате
„Да престанеш да читаш значи да престанеш да мислиш“. Одвојте барем 30 минути на ден за да прочитате нешто.
8. Се будите во „5 до 12“
Повеќе од половина бизнисмени го започнуваат денот цели 3 часа пред да треба да стигнат на работното место.
9. Комуницирате со токсични луѓе
Исчистете го воздухот околу вас и научете еднаш засекогаш дека е подобро да бидете сами, отколку во лошо друштво.
10. Живеете поскапо отколку што можете да си дозволите
Една реченица по која треба да се водите во животот - Не станувајте сиромашни, обидувајќи се да изгледате богато.
М. Д. | Црнобело