Водопад со оган, опседнати хотели и гробишта - 15 најмистериозни места во светот

Структурата Ричат, Мавританија

Оваа структура се наоѓа во пустината на Сахара и изгледа како циклон, но всушност е камена структура.

Некои научници веруваат дека е настаната како последица на удар од астероид, а друг пак веруваат дека е дело на природната ерозија на тамошните карпи, а се разбира има и такви кои веруваат дека е дело на вонземјани.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (9).jpg

Наска линиите, Перу

Наска линиите ја пресекуваат пустинскота почва во Јужно Перу и се меѓу најстарите предисториски остатоци во цела Јужна Америка.

Овие огромни геоглифи најдобро се гледаат од авион, кога можете да ги забележите необично прецизно нацртаните огромни цртежи на мајмуни и пајаци.

Овие цртежи се заштитени од УНЕСКО и никој сè уште не знае зошто биле нацртани.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (12).jpg

Хајгејт гробиштата, Англија

Овие гробишта се сметаа за едно од најопседнатите места со духови во цела Англија, се разбира доколку не ја сметаме Лондонската кула.

Изгледот на самите гробишта е доволно за да ви ја заледи крвта, а некои луѓе тврдат дека имаат видено духови, па и вампири како се кријат навечер.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (8).jpg

Област 51, САД

Местото е магнет за луѓето кои се занимаваат со теории на завера и е инспирација за многу љубители на приказните за вонземјани.

Регионот се наоѓа во средина на пустината во Невада и се чува како врвна тајна од владата на САД уште од педесетите години на минатиот век.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (2).jpg

Велигденските острови, Полинезија

На преодот на првиот милениум од нашата ера, народот Рапа Нуи се населил на ветровитиот Велигденски остров. Островот бил откриен дури во 1722 година од холанѓанинот Јакоб Рогевен, којшто наишол на мноштво изделкани колосални камени глави.

На островот има преку 880 од така наречените Моаи глави, за коишто се верува дека секоја од нив претставува поглавар на некое од племенските кланови.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (6).jpg

Стоунхенџ, Англија

Сместен во низините на јужна централна Англија, Стоунхенџ долги години е обвиен со мистерија и магија.

Оваа кружна мегалитска структура се претпоставува дека е создадена пред околу 5.000 години и тоа од камен којшто можел да биде донесен само од ридовите Пресели, оддалечени 300 km од Велс.

Мистеријата е како овие огромни камења биле транспортирани од неолитските луѓе и која била целта на оваа градба.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (10).jpg

Улуру, Австралија

Улуру е моќно издигнување во средина на Австралискиот аутбек, предел каде што не допрела човечката цивилизација заради непријателската пуста природа.

Оваа карпа се гледа оддалеку од сите страни на огромниот пуст предел и е често место на посета за оние кои сакаат да шетаат низ овој предел.

Исто така, ова место било главна ориентација во светот на абориџините, па така и нивното верување налага дека оваа карпа е последната останата куќа на нивниот бог.

А има и такви посетители коишто тврдат дека се полнат со енергија од флувијалните канали коишто течат под карпата.

15-najmisteriozni-mesta-na-svetot (15).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg