Вистински приказни кои се доказ дека постои светла страна на секоја ситуација

Сите понекогаш се наоѓаме во тешки ситуации кои ни предизвикуваат лоши чувства и негативна енергија.

vistinski-prikazni-koi-se-dokaz-deka-postoi-svetla-strana-na-sekoja-situacija-01.jpg

Но сепак, како што рекле старите, „секое лошо за добро е“ и затоа би било одлично доколку се потрудите од секоја неубава ситуација да го извлечете позитивното.

Неколку луѓе имаат докази дека во секоја ситуација постои и светла страна, а во продолжение прочитајте ги нивните приказни.

Некои од нив ќе ве насмеат, а други ќе ве инспирираат:

„Нашиот сосед е нудист и неговата тераса е веднаш до нашата. Па, кога ќе излеземе на тераса, може да го видиме како седи гол и пие кафе. Неодамна, ми дојде пријателка на гости и решив да ѝ го покажам погледот од тераса. Па, излеговме и го видовме мојот сосед како мавта со весникот и се открива целосно. Јас го поздравив, а мојата пријателка одеднаш рече – ’Да, стварно ти е неверојатен и незаборавен погледот од тераса! Можам да го видам секој најмал детаљ!‘ Оттогаш мојот сосед носи шорцови, веројатно се навредил од коментарот.“

„Си го изгубив телефонот, а беше многу скап, па не ми беше во корист да го губам, иако сепак решив да не се нервирам. Потоа, шетав низ паркот и случајно си го видов телефонот на една клупа, но батеријата беше испразнета. Отидов дома и го вклучив. Сè изгледаше во ред, апликацијата беа на место но… беа под друго име. На сликата, видов дека се работи за момче од околу 25 години. Од неговиот телефон, се јавив на мојот. Излезе дека и тој си го ’нашол неговиот‘ телефон во паркот. Оттогаш сме многу добри пријатели.“

„Работев во голема компанија за мобилни телефони и таму доаѓаа многу клиенти кои се расправаа за нефункционалноста на телефоните и други проблеми. Секогаш се обидувам да ги смирам, но и мене ми пренесуваат нервоза. Еднаш, влезе клиент, жена во 40-ите години, која почна да се дере уште од врата. Потоа ме погледна мене, ме фати за рака и ми кажа ’Душо, не се грижи толку многу или ќе го изгубиш здравјето‘ и потоа продолжи да им вика на останатите.“

„Барав нова пудра за лице, а продавачката реши да ми помогне и почна да ми става тестери на раката. Одеднаш, нешто се случи и една од тубите со светло кафена пудра истече на моите бели панталони и беше невозможно да ги исчистам со марамче. Како извинување, таа ми даде полна кеса со тестери. Никогаш не успеав да ги исчистам панталоните, но не морав да купувам пудра многу долго време.“

„Имам една познаничка која секогаш ме нервира со нејзината арогантност и самодоверба. Но, дури и кога е пијана, прекрасна е. Еднаш се опијанивме заедно… тогаш сфатив дека всушност јас ѝ завидувам. Ѝ завидував на самодовербата, отвореноста и способноста да не зависи од други мислења. Па, ѝ го кажав тоа и таа ми врати – ’Ти си мирна како карпа, добра сопруга и мајка, а јас сум само убаво растение‘. Тој разговор нè промени двете и сега имам најдобра пријателка. Таа стана многу посмирена, а јас посамоуверена и се надополнуваме.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
13 фото-докази дека Јапонија како да живее во друг свет – работи што може да ги видите само таму Спа за мајмуни, балсам за усни со вкус на сланина, луѓе кои дисциплинирано чекаа...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...

Најчитани неделава