14 типови на луѓе што ќе ги сретнете на плажа и нивното мото

Од мајката, која вреска по децата, до мразачот на сонце, кој гори и под сенка, некои типови на луѓе едноставно се неодминливи на плажа.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-01.jpg

Летото е магичен дел од годината, а летните одмори веќе се тука. Прсти во песокот, мирис на море и сончеви зраци кои ве милуваат по кожата, звучи совршено, зарем не?

Но, кои ликови ќе ги сретнете за време на вашиот престој на плажа:

Мразачот на сонце

Мото: „Да не си го заборавив лосионот на сончање?“

Карактеристики: Има чадор, шапка, покриен е со пешкир, но магично успева да изгори дури и на облачно време.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-02.jpg

Позерот

Мото: „Да ставам уште малку лосион да ми светне телово!“

Карактеристики: Минималистички костим за капење, месеци и месеци подготовка на телото за на плажа и совршена фотка за да ја нервира поранешната девојка.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-03.jpg

Љубителот на изгореници

Мото: „Мора да имам што помалку бели области на телото.“

Карактеристики: Костим за капење кој го прави танга, сончање со стоење, иако целиот е црвен, и замислен израз со поглед во далечина.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-04.jpg

Спонзорушата

Мото: „Што ако го сретнам вистинскиот тука?“

Карактеристики: Носи секси бикини, сандали на висока потпетица, накит и лежи само во пози во кои изгледа добро.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-05.jpg

Скулпторот

Мото: „Ајде да изградиме и замок од песок!“

Карактеристики: Има пластична лопатка и кофа, може да мине цел час во градење на замоци на плажа и закопување во песокот на делови од своето тело.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-06.jpg

Нудистката

Мото: „Сакам да носам фустан без прерамки, морам рамномерно да се исончам.“

Карактеристики: Нејзиното задоволство ѝ е на првото место и не обрнува внимание на љубопитните погледи.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-07.jpg

Делфинот

Мото: „Ја обожавам водата, прекрасно ми е кога пливам.“

Карактеристики: Плива во разни стилови со часови и ги прска луѓето околу него.

14-tipovi-na-lugje-shto-kje-gi-sretnete-na-plaza-i-nivnoto-motot-08.jpg

Уште 7 типови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg