Бабини деветини или во какви глупости веруваме

Кога бев мал верував во сé и сешто. Мислев дека секој старечки збор и прекор содржат во себе вистина од која треба да се плашиме, па затоа на очите имав перде од стравопочит спрема моето опкружување. Но, да не се разбереме погрешно, има верувања од кои стварно треба да бидеме внимателни и како што викаат старите: да не се мавтаме со ѓаволот.

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 1

Ова е банален пример, но стравот од црна мачка и ден денес зазема големо место во верувањата на луѓето. Посебно кога истото црно животно ќе ти го пресече патот. Гледано како пратеник на мрачните сили или не дај Боже – вештерка, многумина сé уште фрлаат камче или плукаат пред нив за да исчезне баксузлакот.

Но, кога веќе сме околу црната боја, постојат и такви поединци кои не сакаат да се во контакт со предмети чија боја е црна. На пример, еден мој близок пријател никако не сака да пие кафе од црн филџан, не знам зошто, ама се плаши, мисли на најлошото, небаре ќе се задави од кафето.

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 4

И некои поединечни слики во соновите заземаат таква положба од која луѓето се преплашуваат. Сите знаеме дека ако сонуваш како ти паѓа заб, тоа значи нечија смрт, веројатно на некој близок.

Еднаш една другарка ми има кажувано како овој сон го има сонувано три пати и после тоа татко ѝ починал. Не знам што да кажам на ова, можно е.

Или друг пример е ако сонуваш нечија смрт, тоа значи дека му го продолжуваш животот на некого. И да е така, на крај сфаќаме дека никој не е бесмртен, така што смислата некако и се губи.

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 5

Сега малку да се свртиме и на позитивните нешта. Имам една познаничка која скришно зема нешто кога ќе кај некого дома за прв пат. Смета дека тој предмет, без разлика дали е лист хартија или некоја пластича играчка, ќе ѝ донесе среќе.

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 7

Или пак ако гледаш во небо и ако препознаеш некоја фигура, тогаш ќе ја добиеш истата. Јас еднаш во облаците препознав BMW па еве сé уште ми нема паднато од небо. А кога сме веќе тука, ќе го додадам и ова. Ако ги броиш ѕвездите ќе ти излезат бенки, многу бенки. Дали некој доби барем една?

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 6

Добро се сеќам дека кога бев помал, моите не ми даваа да сечам нокти штом ќе се стемни, велеа дека не требало така, демек нешто лошо може да се случи. А, ако одиш на состанок со девојка сигурно нема да се појавиш со поголеми нокти од нејзините?

babini devetini ili vo kakvi gluposti veruvame 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава