Македонецот што ја воодушеви Џеј Ло: „Не освоив 1 милион долари, но освоив 1 милион срца“


Македонецот што ја воодушеви Џеј Ло: „Не освоив 1 милион долари, но освоив 1 милион срца“

Кога гледате како Мајкл Дамески танцува чувствувате дека ви раскажува приказна и ве преплавуваат емоции... Ваков талент ретко се раѓа. Неговите изведби се вистинска уметност.

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-01.jpg

На втората сезона од  натпреварот „World of Dance“, чиј дел од жирито беше и Џенифер Лопез, а финалето се одржа на 12-ти септември, победи танц групата The Lab и освоија награда од 1 милион долари.

На второто место заврши 22-годишниот Мајкл Дамески, Македонец роден во Сиднеј. Неговите родители имаат потекло од Прилеп. За голем дел од луѓето ова неверојатно талентирано момче требаше да ја понесе првата награда.

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-06.jpg

На официјалната страница на „World of Dance“ голем број луѓе коментираат дека Мајкл заслужил да биде победникот, но групата The Lab била составена од деца со солзи во очите кои испратиле силна порака со настапот, па затоа победиле, но кога станува збор за талент за танцување, тогаш дефинитивно триумфот е на Мајкл.

Но, без разлика на крајниот резултат, Мајкл стигна до врвот и сега целиот свет слушна за неговиот талент, па нема да биде чудно ако наскоро го видиме во некој од спотовите на Џенифер Лопез.

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-05.jpg

„Благодарен сум за ова искуство. Научив многу за себе и за своите способности. Нема сопирање за мене, ќе продолжам да го правам тоа што го сакам засекогаш. Можеби не добив 1 милион долари, но дефинитивно освоив 1 милион срца. Тоа ми значи најмногу. Ви благодарам „World of Dance“ и на сите кои ме поддржавте на ова патување. Честитки до победниците. Секој што изведуваше во финалето ја заслужува наградата, тоа е неспорно. До следниот пат...“, напиша Мајкл Дамески на својот Инстаграм профил по завршувањето на натпреварот.

Неговата изведба во финалето:

World of Dance: Michael Dameski World Finals Performance

Michael Dameski has made his mark.

Posted by World of Dance on Wednesday, September 12, 2018

 Уште една изведба од него:

LEAKED: World of Dance: Michael Dameski World Finals Performance

Michael Dameski will give you GOOSIES.

Posted by World of Dance on Wednesday, September 12, 2018

Изведбата на победниците The Lab:

World of Dance: The Lab World Finals Performance

This performance is a message to the world! 🌹😭❤️

Posted by World of Dance on Wednesday, September 12, 2018

 Прогласувањето на победникот:

World of Dance: Season 2 Winner

Did you predict the winner of Season 2?

Posted by World of Dance on Wednesday, September 12, 2018

Фотки од неговите настапи во изминатиот период:

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-02.jpg

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-03.jpg

makedonecot-shto-ja-voodushevi-djej-lo-ne-osvoiv-1-milion-dolari-no-osvoiv-1-milion-srca-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кои 16 градови во светот е најскап јавниот превоз до работа? Жителите во овие светски метрополи имаат многу повисоки плати од нас, но и повис...
10 чудни професии кои ќе ви овозможат да живеете удобно Како што се развива нашата цивилизација, одредени работни активности заминуваат ...
8 неверојатни латиноамерикански жени кои влегоа во историјата Запознајте се со 10 жени кои храбро застанаа и се изборија за своите права, инсп...