7 начини на кои ќе го засакате сопственото тело, колку и да ви изгледа невозможно

Колку пати сте помислиле дека посакувате тело како на некоја позната личност или сте се срамеле да се соблечете само затоа што мислите дека не изгледате добро?

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-01.jpg

Дали постојано се покривате во несоодветни и огромни парчиња облека само затоа што се срамите од изгледот?

Мислите дека нема да најдете идеален партнер затоа што не изгледате идеално? Време е да го промените тоа.

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-002.jpg

Иако звучи клише, сепак е вистина тоа дека убавината доаѓа однатре, а ако знаете да се цените себеси како личност, знаете колку вредите, имате добри манири и добра смисла за хумор, може да бидете подеднакво привлечни како и најзгодната личност која ја познавате.

Наместо да бидете во константна војна со сопственото тело, обидете се да мислите дека вашето тело е совршено какво што е.

Можеби на вашето тело му е потребна малку љубов и почит од вас. Ќе бидете изненадени од тоа колку подобро ќе се чувствувате, но тоа не е нешто што се случува преку ноќ.

Потребно е време, трпение и вежбање за да научите да гледате на работите поинаку, но трудот дефинитивно се исплати.

Мали чекори со кои треба да почнете за да се чувствувате поубаво во сопственото тело:

1. Задолжително престанете да ги следите сите Инстаграм профили кои прават да се чувствувате несигурно и помалку вредно од некого.

2. Ослободете се од сите работи во домот кои ве прават несреќни, независно дали е некоја мала облека, вага или огледало што ве прави поразлични од што сте.

3. Купете нова облека во која ќе се чувствувате самоуверено и не се срамете да експериментирате со модели и бои, бидете стилски облечени независно од килограмите.

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-02.jpg

4. Обидете се да се поврзете со вашето тело преку јога, медитација или танцување. Откријте како телото се чувствува по различни физички активности и движења и обрнете најмногу внимание на она што ви предизвикува најубаво чувство.

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-03.jpg

5. Кога ќе се „фатите“ себеси како го вреѓате телото или дел од него, обидете се да ја замените навредата со барем еден позитивен комплимент за телото. Мора да има барем едно нешто што сакате, а и тоа е почеток.

6. Грижете се за сопственото тело – наполнете ја кадата и ставете некоја пенлива мирислива купка, правете пилинг на тело и мачкајте го со есенцијални масла или лосиони – има огромен број начини на кои може да му дадете љубов на телото.

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-04.jpg

7. Постојано потсетувајте дека со менувањето на телото, нема да ви се промени животот. Вашето тело е само еден мал детаљ од вас, а вашата душа и ум се она што ве носат низ светот и животот.  

7-nachini-na-koi-kje-go-zasakate-sopstvenoto-telo-kolku-i-da-vi-izgleda-nevozmozhno-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...

Најчитани неделава