Животни приказни: Болката на старите луѓе кои живеат во константна осаменост (фото)

Грасинда живее во село со 6 жители и и покрај трагедиите што ѝ ги приредил животот секогаш има насмевка на лицето и верба во срцето...

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-01.jpg

Регионот „Trás os Montes“ во Португалија, или во превод позади планините, е место каде има многу села кои имаат и по само десетина жители. Има случаи каде села имаат и само по 1 жител.

Изумирањето на селата е нешто што го има и во Македонија, но има и инспиративни луѓе кои остануваат да живеат таму каде што се нивните корени, без разлика што поголемиот дел од жителите се отселиле.

Таму не доминира технологијата и зависноста од мобилните телефони. Постарите луѓе се концентрирани на земјоделството и сточарството и своите денови ги минуваат мирно во поврзаност со природата.

Колку и да звучи хармонично, сепак постои еден голем проблем кој ги мачи – осаменоста.

Болката на старите луѓе кои живеат во константна осаменост:

Грасинда – го изгубила целото свое семејство во сообраќајна незгода, а единствената ќерка што ѝ останала жива е во затвор. Живее во село со 6 жители и и покрај трагедиите секогаш има насмевка на лицето и верба во срцето.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-02.jpg

Марселин – патувал по светот во потрага по убава работа и бакнал многу жени. Кога конечно ја пронашол љубовта на својот живот, таа избегала со сето негово богатство. Деновите ги минува со цигара и чаша вино во село со 30 жители и вели дека е среќен.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-03.jpg

Сезариндо – е овчар кој живее мирно меѓу планините и единствена грижа вели дека му е кога да купи нови чизми за да ги замени дотрајаните.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-04.jpg

Фелизберто – ќерката на Фелизберто има пречки во развојот и тој само посакува Господ да го земе во рајот за да му ја олесни болката.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-05.jpg

Серафим – води сиромашен живот, а бил вреден работник и имал 30 години помлада жена од себе, но таа го напуштила него и децата за помлад маж.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-06.jpg

Мариа – живее во услови како во 50-тите, мажот ѝ починал неодамна, а единствено друштво ѝ се кучињата.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-07.jpg

Алис – живее во село со 10 жители, а за време на зимите се чувствува најосамено затоа што е заробена во куќата поради студот. Маж ѝ умрел сам, а нејзините 8 деца живеат во други места.

bolkata-na-starite-lugje-koi-zhiveat-vo-konstantna-osamenost-foto-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg