Понекогаш е во ред да се чувствуваш осамено и изгубено - тоа е дел од закрепнувањето

Понекогаш ќе се саботирате сами себе и ќе ги оттурнувате луѓето што се грижат за вас. Понекогаш ќе се запрашувате која е смислата на вашиот живот.

ponekogash-e-vo-red-da-se-chuvstvuvash-osameno-i-izgubeno-toa-e-del-od-zakrepnuvanjeto-01.jpg

Понекогаш во животот 10 пати ќе ја пишувате и бришете порака пред да ја испратите затоа што нема да знаете која е правилната одлука и сè ќе ви изгледа бесцелно.

Понекогаш ќе се чувствувате премногу осамени и ќе барате работи кои ви даваат утеха. Понекогаш ќе си кажете што ве мачи со објава на интернет, а понекогаш само ќе ви биде потребен некој што ќе ве ислуша.

Понекогаш ќе бидете возбудени поради стотиците лајкови на социјалните мрежи, а веќе во наредниот миг ќе се чувствувате повторно осамено и мизерно.

Понекогаш ќе ви биде преку глава од сè. Ќе плачете. Ќе гледате во огледалото како солзите се слизнуваат по вашето лице и ќе чувствувате дека се губите себеси.

Понекогаш ќе се чувствувате затапено и нема да ви биде грижа за никој и ништо, па дури ниту за себе.

Понекогаш ќе ви биде тешко да се истуширате и да ги правите малите работи што ги сакате, како дружење со пријателите или приготвување на вкусен оброк за себе. Сето тоа ќе ви изгледа како невозможна мисија.

Понекогаш ќе го гасите алармот и ќе се покриете преку глава сакајќи да отспиете сè. Во други пригоди пак само ќе зјапате во таванот, ќе ве мачи несоница и ќе ве прогонуваат духовите од минатото.

Понекогаш ќе се саботирате сами себе и ќе ги оттурнувате луѓето што се грижат за вас. Во други пригоди пак во 2 часот по полноќ ќе им ѕвоните на вашите пријатели за да ги истурите своите емоции пред нив и да им кажете дека не сакате да се разделите од нив никогаш во животот.

Понекогаш ќе се запрашувате која е смислата на вашиот живот. Ќе бидете анксиозни, ќе немате насока, ќе биде изгубени и сами. И сите тие негативни емоции ќе ве одвлекуваат од сè што било важно за вас претходно. Ќе се прашувате кога ќе сопрат разочарувањата.

Но, кога сè ви изгледа изгубено и немате надеж и желба да продолжите, мора да верувате во себе, колку и да ви звучи клише. Затоа што ќе биде подобро. Сонцето повторно ќе се појави во вашиот живот. Ќе ја вратите својата самодоверба повторно.

И еден ден ќе бидете благодарни што не сте се предале, што сте продолжиле понатаму и покрај борбите и ќе сфатите дека токму тие борби ве довеле до подобра иднина.

Извор

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...

Најчитани неделава