Зимски специјалитети од светот кои луѓето ги јадат за да се затоплат

Зимската храна најчесто е во склад со традиционалната кујна и се заснова на производи кои се сезонски или пак на конзервирани.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-01.jpg

На пример, кај нас не може да помине зима без сарма со кисела зелка, подварок, туршија, пити со кисела зелка или праз, месо во секаква варијанта и супи, чорби и најразлични манџи.

Оваа храна е во контраст со ладното време надвор и се прави од намирници кои ни се лесно достапни во тој период од годината.

А, што јадат во другите земји во зимскиот период?

Сољанка во Русија

Се работи за зачинета солена супа. Се прави со месо или со риба или без никакво месо, а може да содржи кисели краставичким домати, сок од лимон, павлака, маслинки и копар.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-02.jpg

Тангјуан во Кина

Се работи за полнети слатки кнедли, направени од глутенско оризово брашно. На некој начин, ова е слатка верзија на класичните полнети кнедли. Се варат во засладена вода, а може да бидат полни со пире од сладок компир, паста од азуки грав, паста од сусам или овошно желе.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-03.jpg

Оден во Јапонија

И оваа чорба се прави според повеќе рецепти, за кои заедничко е само варењето во зовриена вода. Може да содржи риба, варени јајца, коренест зеленчук и нудли. Се додава и соја сос.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-04.jpg

Путан во Канада

Канадско-францускиот специјалитет е едноставен помфрит со парчиња сирење и прелиен со сос. Според некои рецепти може да се додадат и зрна грав или сланина.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-05.jpg

Унгарски гулаш во Унгарија

Гулашот е специјалитет кој го имаме и кај нас. Се работи за чорба со телешко месо (може и со свинско), чиј основен зачин е мелената сушена пиперка.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-06.jpg

Теокбоки во Северна Кореја

Се работи за евтина улична храна од Јужна Кореја. Најлесно да се опише е оризова тестенина, слична на њоки, во зачинет доматен сос. Може да се јаде директно од тезгата, а може и да се разреди во супа.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-08.jpg

Овчарска пита во САД

Многу е популарна во Америка, а личи на мусака со пире, наместо со кругови компири. Се прави од мелено месо со зеленчук, кое се распоредува во тава. Одозгора се става пире од компир, а врз него може и рендано сирење.

zimski-specijaliteti-od-svetot-koi-lugjeto-gi-jadat-za-da-se-zatoplat-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава