Јапонскиот начин на живот со којшто ќе доживеете 100 години

Данците и општо сите Скандинавци, веќе со години се на врвот на листата на најсреќни народи на светот. Но, и Јапонците знаат како да водат среќен живот.

Japonskiot-nacin-na-zivot-so-kojsto-ke-doziveete-100-godini-01.png

Како што Данците до имаат hygge, така Јапонците го имаат ikigai, начин на живеење чијашто главна премиса е „Само доколку си активен ќе живееш 100 години“.

Јапонците се познати како многу вреден, мудар и навистина посебен народ кој го сака животот и луѓе од коишто можеме многу да научиме. Истовремено, тие се и меѓу најдолговечните луѓе во светот, а многу од нив живеат и по 100 години. Така, на пример, Окинава е место со најголем број на стогодишници во светот.

Јапонките во последните 25 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84,5 години. Згора на ова, тие скоро никогаш не се здебелуваат.

Токму на Окинава е настаната филозофијата на живеењето којашто ја следат многу од жителите на Јапонија, а којашто е заслужна за нивната среќа и долговечност.

Она по што клучно се разликува филозофијата на Јапонците од онаа на Данците е тоа што hygge се темели на удобност и домашна атмосфера, а ikigai се темели на активност.

Јапонците сметаат дека само активна личност може да доживее убава и длабока старост, а тоа се однесува и на менталната и на физичката активност. Значи најважно е да се одржуваат мозокот и телото во форма.

Ikigai се дефинира како точка на испреплетување на четири примарни елементи:

  • 1 Што сакам? (што е вашата страст)
  • 2 Во што сум добар? (она што сакате да го работите)
  • 3 За што можам да бидам платен сега – или нешто што може да биде моја идна професија? (вашата професија)
  • 4 Што му треба на светот? (вашата мисија)

Јапонците тврдат дека кога ќе ги пронајдете одговорите на сите четири прашања, ќе го пронајдете и вашиот ikigai:

1. Бидете активни и останете такви дури и во пензија.

2. Оставете ја итноста и прифатете го побавниот ритам на живеење.

3. Јадете додека не станете 80% сити.

4. Опкружете се со добри пријатели.

5. Одржувајте се во форма преку секојдневни, лесни телесни вежби.

6. Смејте се и почитувајте ги луѓето околу вас.

7. Спојте се (повторно) со природата.

8. Заблагодарете се на сè што ви го разубавува денот и што прави да се чувствувате живи.

9. Живејте во моментот.

10. Следете го својот ikigai.

И за крај уште еден совет којшто ќе ви го дадат мудрите Јапонци - останете љубопитни. Секогаш одржувајте го интересот за нови работи и нови искуства, а тоа ќе ви помогне да живеете среќно, здраво и долго.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава