Pirelli календарот за 2019-та раскажува 4 приказни на 4 различни жени

За најновиот Pirelli календар, компанијата ги препуштила работите рацете на фотографот Алберт Вотсон, дозволувајќи му да ја одработи својата магија.

pirelli-kalendarot-za-2019-ta-raskazuva-4-prikazni-na-4-razlicni-zeni-001.jpg

Легендарниот календар кој еволуираше низ годините, некогаш промовираше голотија и сексапил, некогаш мотивираше на радикални начини, а следната 2019-та година ја посвети на филмската фотографија.

Во снимањето на календарот главна улога имаат 4 жени и секоја од нив има различна приказна која се раскажува низ фотографии.

Џиџи Хадид, на пример, е разделена од нејзиниот партнер, живее сама и го гледа Ванг како човек на кој може да се довери.

Гарнер е млад ботанички фотограф на задача во тропска градина во Мајами.

Коупленд ја раскажува својата балетска кариера како танчарка која сака да изведува перформанси во Париз.

Каста пак, е сликар кој живее со својот партнер, игран од Полунин.

„Секоја од четирите жени има своја индивидуалност, нејзина цел во животот и нејзин начин на кој ги прави работите. И сите се подеднакво фокусирани на иднината,“ раскажува Вотсон, фотографот на овогодинешниот Pirelli календар.

Погледнете ги 12-те фотки кои ќе ја раскажуваат неговата приказна во текот на следната година:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...

Најчитани неделава