Која е Србинката што важи за најубавата баба во светот и што ѝ помага на 50 да изгледа како 30-годишна?

Не би ѝ дале повеќе од 30 години, а всушност таа наполни 50 и има 30-годишна ќерка и 2 внуки.

koja-e-srbinkata-shto-vazhi-za-najubavata-baba-na-svetot-i-shto-i-pomaga-na-50-da-izgleda-kako-30-godishna-01.jpg

Жаклина Беридо Писано е родена во Србија во сиромашно семејство, но сега живее во Италија каде се образувала и научила 5 јазици, а се смета за најубавата баба на светот, која неодамна наполни 50 години.

Таа започнала да води блог благодарение на нејзиниот син Стефан, кој се преселил во Белград за да го доврши образованието, а бидејќи мајката била многу загрижена, синот ѝ предложил да започне со водење блог на Инстаграм за да си ги оттргне мислите.

Но, во 2016, на 23-годишна возраст, нејзиниот син загинал во сообраќајна несреќа, а таа продолжила да го води блогот во негово сеќавање.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

Сега, Жаклина има сопствен бизнис , а на нејзиниот Инстаграм профил има речиси 500 илјади следбеници, каде споделува совршени фотки, совети за убавина, мода, здравје и виталност.

За спортот и исхраната, Жаклинa советува:

  • Нема да имате совршена фигура ако пиете умерена количина алкохол, јадете умерена количина брза храна и умерено вежбате неколку пати неделно. Исто како што нема да станете милијардер со 40 работни часа неделно. Потребни се екстремни напори за екстремен резултат.
  • Спортувам од 10 години и 40 години водам активен живот. Тоа ми е секојдневна рутина, но никогаш не е доцна да станете слаби, фит и прекрасни.
  • Никогаш не го носам телефонот со мене во теретана за да не ме попречува во вежбањето.
  • Јадам многу протеин, се восхитувам на органска храна со многу зеленчук, месо и морска храна, не јадам леб и рафиниран шеќер, а внесувам многу овошје, сокови и едно авокадо на ден.

За негата за себе, Жаклинa советува:

  • Избегнувајте или ограничете ја изложеноста на сонце, јас користам заштитен фактор 50-ка кога и да излезам, а секогаш носам шешир за да ги заштитам лицето и вратот, посебно во лето.
  • Ако пушите цигари, престанете. Кожата на пушачите старее побрзо.
  • Секогаш внимателно отстранувајте ја шминката пред спиење. Мајка ми ме научи на тоа кога бев тинејџерка и секогаш го следам ова правило.
  • Користете квалитетна козметика, што не мора да значи дека треба да е скапа. Природните масла и бебешките креми често знаат да се покажат одлично.

За семејството и стареењето:

Жаклина нагласува дека најважното нешто во животот ѝ е семејството, а кога ја прашуваат како ја одржува младоликоста, вели дека се грижи за внатрешната, спиритуална убавина, што влијае и на надворешниот изглед.

Таа верува во позитивна енергија и во добрите работи во светот. Почитува меѓусебна грижа, а за стареењето вели: „Треба да се радуваме од растењето, бидејќи стареењето е привилегија. Мојот син Стефан кој загина на 23 години, ја немаше таа привилегија.“

Погледнете дел од фотките на најубавата баба на светот и нека биде пример за сите:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Најубавите машки и женски имиња на буквата „Л“ кои значат нежност, светлина и заштита Едно од најпопуларните машки имиња на светот, Лука, во превод значи „светлост, с...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg