10 нешта од 2018-та кои сигурно нема да ни недостигаат

Лажни вести, изрежирани селебрити драми, тужби, опасни предизвици и бескрајни дебати дали е „Laurel“ или „Yanny“, тоа е 2018-та накратко.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-01.jpg

Секоја година носи и интересни и неинтересни моменти, а ова е избор од 10 нешта што сигурно сакаме да ги оставиме да си одат, заедно со 2018-та.

Нетрпеливоста меѓу Кејти Пери и Тејлор Свифт

Тензијата меѓу нив трае уште од 2013-та или 2014-та година, но се чини дека во 2018-та и двете решија да ја „олабават“ јавноста со нивната караница.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-02.jpg

Опасниот „Tide Pod Challenge“

Неколку тинејџери во 2017-та се пошегуваа дека би ги јаделе капсулите за перење на „Tide“, а тоа кулминираше со предупредување од Американската асоцијација за контрола на отрови да не се консумираат овие детергенти.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-10.jpg

Расистичките твитови на Розен Бар во време на римејкот на „Розен“

Кога римејкот на познатото шоу беше најавен, публиката беше воодушевена. Но, сето тоа пропадна во мрак по расистичките твитови на Розен за Валери Џерет, поранешна советничка на Обама.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-04.jpg

Пластичните цевки за пиење

Во многу делови во светот веќе е забранета употребата на пластични цевки за пиење и тие се заменети со други, изработени од материјали кои се рециклираат и се биоразградливи. Во Калифорнија, на пример, пластична цевка гостинот може да добие само ако самиот си ја побара.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-09.jpg

Ноќна пеперутка која ја најде вистинската љубов

Фотографија од ноќна пеперутка на прозорец, со „потресен“ опис за вистинската љубов извесно време беше хит на интернет. Сепак, секоја ноќна пеперутка е привлечена од светлина и не е воопшто чудно да се „залепи“ за стакло од кое таа доаѓа.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-08.jpg

„Yanny“ или „Laurel“?

Ова е звучната верзија на синиот фустан со црни тантели кои некои го гледаа како бел со златни тантели. Дебатата дали на звучната снимка се вели „Yanny“ или „Laurel“ и понатаму трае во коментари на Јутјуб, Фејсбук, Твитер, Редит...

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-12.jpg

Малите очила за сонце

По години и години носење големи очила за сонце, кои го кријат поголемиот дел од лицето, модната индустрија оваа година се обиде да лансира мали тенки очила. Очигледно, не успеаја да ја оивеат модата од 90-тите.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-06.jpg

Јутјубери во јапонската шума на смртта

Влогерот Логан Пол ја посети шумата на смртта и самоубиствата и сними мртво тело. Веднаш против него се крена петиција, која ја потпишаа 700.000 луѓе, со барање тој да го избрише видеото. Веднаш потоа, гледаноста на неговиот канал паднала за цели 47%, а од Јутјуб одлучиле да не му го бришат профилот, но да ги прекинат сите соработки со него.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-03.jpg

Храна со светки

Постојат светки кои се јадливи, но има и такви кои само не се отровни, а служат за декорација. Светките беа огромен хит во 2018 година, особено за видеа и фотографии од храна на Инстаграм. Сепак, нема да ни недостигаат сите тие уништени порции храна за само визуелно поблескав ефект.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-07.jpg

Шорцеви на црвениот тепих

Ким Кардашијан и Џиџи Хадид носеа шорцеви на црвениот тепих, но таа мода на многумина не им се допадна. Сепак, треба да се задржи вкусот кога се работи за облекување при официјални пригоди.

10-neshta-od-2018-ta-koi-sigurno-nema-da-ni-nedostigaat-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава