5 работи што мора да ги земете предвид ако планирате да изнајмите автомобил

Ако првпат изнајмувате автомобил за патување или движење низ избраната дестинација, погледнете кои работи мора да ги знаете за да не дојде до непријатни изненадувања.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-01.jpg

Иако сервисите за изнајмување автомобили сами по себе не кријат никакви изненадувања и не бараат невообичаени прописи, сепак има бројни правила кои можат да ве изненадат ако отидете неподготвени.

5 работи што мора да ги земете предвид пред да изнајмите автомобил:

1. Цената на гориво во земјата што ја посетувате

Пред воопшто да се одлучите да изнајмите автомобил кога сте во друга земја, не заборавајте да ја проверите цената на гориво за да ги избегнете непланираните трошоци.

Цените можат драстично да се разликуваат од една до друга држава, како и на бензиските пумпи во рамките на истата земја.

Ве потсетуваме дека кога го враќате автомобилот во сервисот од каде што сте го зеле, резервоарот треба да биде полн.

Веројатно и самите можат да го дополнат, но ќе морате дополнително да платите, а цената на оваа услуга може да биде поголема отколку на која било пумпа.

Сочувајте ја сметката од горивото од последното дополнување пред враќањето, затоа што можеби ќе ви бараат да ја приложите.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-02.jpg

2. Каков автомобил ви е неопходен

Кога веќе сте се одлучиле да изнајмите автомобил, би требало во пресметката да ги вметнете и овие работи:

  • потрошувачката на гориво
  • каде ќе одите и во какви услови ќе возите
  • големината на возилото кое ви треба.

Иако обично поповолни за изнајмување се помалите автомобили, сепак летувањето може да се претвори во вистински пекол ако често се возите збиени по вжештените патишта кон плажите додека Сонцето пече или пак, спротивно, ако не е соодветен за зимски патувања.

Исто така, некои модели трошат повеќе гориво отколку што навистина е потребно.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-03.jpg

3. Осигурување

Многумина се согласуваат дека со некои работи не треба да се коцкате, затоа добро размислите при купувањето пакет осигурување.

Доколку веќе сте набавиле здравствено и осигурување во случај на различни незгоди и повреди, исклучете ги тие ставки од пакетот за да не плаќате непотребно висока цена.

Покрај тоа, добро проучете што сè вклучува вашето осигурување! Некои видови осигурување не ги покриваат сообраќајните несреќи или други неволји кои можат да се јават со изнајмениот автомобил.

Обично можете да купите осигурување во самиот сервис за изнајмување.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-04.jpg

4. Добро проучете го договорот

Пред да потпишете што било, добро прочитајте го договорот, како и сите пропратни документи за изнајмување на автомобилот.

Некогаш во понудата се наоѓа и пакет услуги кои вам повеќе ви одговараат, поевтини од она што ви се предложува и препорачува.

Но притоа, може да се случи за некои работи да треба дополнително да платите, како што е GPS или некој друг дел опрема, иако сте сметале дека се подразбираат.

Иако сте резервирале, ништо не ве спречува да ја измените или откажете резервацијата на автомобилот во сервисот.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-05.jpg

5. Внимателно проверете го автомобилот пред да го земете

Секоја штета што сте ја направиле во автомобилот се наплаќа, или за неа се бара депозит. Ова се однесува на сè и сешто - од расклатени копчиња, до надворешна гребнатинка.

Како не би ја платиле штетата што некој друг претходно ја направил, на самото место каде што автомобилот се изнајмува, прегледајте го автомобилот барајќи оштетувања и пријавете сè што вам не ви делува како што треба.

5-raboti-shto-mora-da-gi-zemete-predvid-ako-planirate-da-iznajmite-avtomobil-06.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава