Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


6 начини на кои студеното време е добро за вас

Возбудата за новогодишните празници често може да биде уништена од студеното време, кое ретко кој го обожава.

6-nachini-na-koi-studenoto-vreme-e-dobro-za-vas-01.jpg

Но, што би кажале кога би знаеле дека всушност, во одредени ситуации кога надвор е ладно, тоа е и добро за вас.

Исто така, сетете се и на тоа дека кога е ладно, можете да носите модерна слоевита облека, да облечете џемпер и да ја носите омилената јакна.

Студеното време му помага и на вашето здравје и тоа на овие начини:

Ладното време предизвикува „искрење“ во вашиот имунолошки систем

Промените на времето прават вистински хаос во вашиот имунолошки систем. Но, постои одреден момент, за жал откако ќе прележите една до две настинки, кога имунитетот ви е на највисоко ниво и сте заштитени сè до следната промена на климата.

Ноќе спиете подобро

Факт е дека кога е ладно спиете подобро, отколку кога е лето. Човечкото тело е природно создадено да спие во поладни услови. Добро е што во зима дури и да ви е многу ладно, секогаш можете да се покриете повеќе или да вклучите греење, што не е случај во лето, кога ви доаѓа да си излезете од кожата.

Вежбање на ладно - најдоброто кардио вежбање

Секоја физичка активност која ја правите преку зима, ја подобрува вашата кардиоваскуларна состојба, бидејќи ви треба повеќе енергија за да го загреете телото.

6-nachini-na-koi-studenoto-vreme-e-dobro-za-vas-02.jpg

Алергиите на полен се најниски во зима

Кога речиси ништо не цвета, но и кога поминувате повеќе време дома, шансата за алергија е сведена на минимум. Ова трае сè до првото никнување на тревата и цветање на дрвјата, но сепак, подобро е од ништо.

Луѓето се поконцентрирани кога е ладно

Сигурно сте забележале дека и вашиот перформанс на училиште, факултет или на работа е далеку подобар во зимските месеци, отколку кога е потопло. Топлото потсетува на комфор и дава лажно чувство дека имате време за сè, што не е случај и кога е ладно, кога ви се чини дека не можете ништо да постигнете, па сте поефикасни.

Ладното време ги намалува воспаленијата

Симптомите на воспаленијата се полесно подносливи ако процесот се случува преку зима. Сетете се само дека кога и да ви се случува нешто, било да е воспаление или удар, ставате ладни облоги.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg