Бон тон правила кои треба да ги почитувате во онлајн групни разговори

Во модерното време, групните онлајн конверзации се вистински спас, независно дали за да комуницирате со сите пријатели одеднаш, да се координирате со колегите од работа или да соопштите некоја вест на повеќе луѓе одеднаш.

bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-vo-onlajn-grupni-konverzacii-01.jpg

Речиси сите се дел барем од 2-3 групни, независно дали на Viber, Skype, Facebook или друга социјална мрежа.

Па, сигурно знаете како е кога не сте во можност да одговорите, на состанок сте, или спиете, а во некоја група ќе почнат да стигаат пораки без престан.

Токму затоа, постојат одредени правила кои културните луѓе секогаш ги следат, дури и кога станува збор за онлајн чет.

Во продолжение неколку бон тон правила по кои треба да се водите во онлајн групите:

1. Не почнувајте разговори доцна навечер.

bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-vo-onlajn-grupni-konverzacii-02.jpg

2. Не се обраќајте само на една личност – групата е за сите, ако ви треба само еден човек, пишете му посебно, не ги малтретирајте другите со ваши разговори.

3. Доколку правите група, ставајте луѓе кои се познаваат меѓусебно за да не создадете непријатна ситуација.

4. Доколку сте направиле група за одреден настан или случување, држете се до темата и разговарајте само за тоа што е целта на групата.

bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-vo-onlajn-grupni-konverzacii-03.jpg

5. Кога сите дискутираат на една тема, оставете секој да го напише тоа што го мисли, не напаѓајте со нова порака на секоја туѓа порака.

6. Чувајте го телефонот на нечујно или ставете ги групите на нечујно кога одите на работа, состанок и слично, за да не ви стигаат 20 пораки во секунда.

bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-vo-onlajn-grupni-konverzacii-04.jpg

7. Доколку групата е од оние со одредена цел или за организација на настан, по завршувањето на истиот, пратете поздрав и напуштете ја групата.  

bon-ton-pravila-koi-treba-da-gi-pochituvate-vo-onlajn-grupni-konverzacii-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава