5 стравови кои не треба да ги имате поради живеењето сами

Првото излегување од дома и живеењето сами или со цимери беше ново и возбудливо. Но, подоцна, нештата се менуваат.

5-stravovi-koi-ne-treba-da-gi-imate-poradi-zhiveenjeto-sami-01.jpg

Кога ќе одлучите да живеете сами, од една страна преземате поголема одговорност околу одржување на просторот и домаќинските обврски. Од друга страна, добивате време и простор за себе и учите да бидете одговорни.

Периодот во 20-тите години од вашиот живот ве дефинираат како личност. Учите што сакате, што ви пречи, до каде одат границите на вашите компромиси и колку можете да толерирате однесување на другите.

Ако една од одлуките во овој период е да живеете сами, ова се пет чести стравови кои не треба да ги имате:

Осаменост

Овој страв е сосема нормален додека да дојде денот кога всушност и ќе се случи вселувањето сами. Доброто е што имате доволно време и простор да одлучите кога сакате да се социјализирате, а кога да бидете сами, што значи дека осаменоста сигурно нема да ви биде проблем.

5-stravovi-koi-ne-treba-da-gi-imate-poradi-zhiveenjeto-sami-02.jpg

Здодевност

Ќе има моменти кога ќе се чувствувате дека ви е потребно да имавте барем уште една личност со која ќе правевте нешто забавно. Но, сигурно можете да си направите да ви биде добро со активности кои ви одговараат, а за кои никој нема да има замерка.

Ќе изгубите контакт со пријателите

Овој страв е нерационален. Вашите пријатели, дури и ако се од друг град, секогаш ќе имаат отворена врата кај вас. Барем секогаш ќе имате повод за добра забава кај вас дома.

5-stravovi-koi-ne-treba-da-gi-imate-poradi-zhiveenjeto-sami-03.jpg

Трошоците ќе бидат преголеми

Со паметно организирање на буџетот, лесно ќе можете навреме да ги покривате сите трошоци околу престојувалиштето.

Живеењето сами не е за вас

Во ова има и вистина, бидејќи по одреден период некои луѓе сфаќаат дека сепак не можат да живеат сами. Но дајте си време од половина до една година за да го заклучите тоа, немојте уште по првите неколку недели.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава