Како да препознаете пријателство во изумирање?

Прегледувајќи ја листата на контакти во мобилниот (или листата на пријатели на Фејсбук ако телефонскиот именик е измината мода) сигурно може да издвоите неколку личности со кои во минатото сте биле неразделни пријатели.

Kako-da-prepoznaete-prijatelstvo-vo-izumiranje-01.jpg

Не мора да значи дека сте дошле до конфилкт; понекогаш пријателствата бледеат, луѓето тргнуваат во различни правци и тоа често може да боли повеќе и од прекин на љубовна врска.

Како да препознаете пријателство во изумирање?

Другата страна е секогаш зафатена

Никогаш не добивате повратен одговор на вашите пораки; ѕвоните на телефон речиси секојдневно обидувајќи се да стапите во контакт, но другата страна нема време... или нема интерес. Пријателството во својата основа се почести меѓусебни разговори, па доколку во вашиот живот е присутна личност која никогаш нема време за вас, можеби е дојден момент да продолжите понатаму.

И да, имаме разбирање за оние на кои им се случува голема промена во животот (брак, бебе, ново работно место), но вистинскиот пријател ќе ве извести доколку се работи за такво нешто.

Вие сте секогаш зафатени

Можеби вие избегнувате одредена личност? Бидете искрени со себе, не е затоа што шефот ве замоли да останете подолго на работа во петок или затоа што имате куп алишта за пеглање. На крајот на краиштата, тоа се банални причини да не одговорите на повикот.

Длабоко во себе знаете дека не сакате да разговарате, уште помалку сакате да разговарате со сила за тотално неврзани работи. Ако не ви е важно, не преправајте се дека ви е. Бидете искрени и отворени – ваквото пријателство нема капацитет да преживее.

Имате потреба од нова, свежа енергија

Старите пријатели се злато, но најубавото нешто што може да произлезе од пријателство во изумирање е отворањето простор за нови, подобри и поздрави односи.

Многу нешта може да вродат со желба да го промените кругот на пријатели – можеби неодамна прекинавте долга врска, а вашите пријатели се во брак и не се во можност да се забавуваат со вас; можеби сте тазе родител во друштво на сингл луѓе; можеби добивте отказ а вашите успешни пријатели кариеристи тоа не може да го разберат...

Поентата е дека ви е потребен некој кој имал слично или исто искуство, кој бил во ваша кожа и може да ве разбере. Не е дека вашите стари пријатели не се повеќе важни, но околностите наложуваат да се однесувате поинаку.

Повеќе немате за што да разговарате

Некои пријателства бледеат бавно, а првиот знак е кога ќе забележите дека полека ви снемува теми за разговор. Ништо лично – тука нема хемија, а кога разговорот не ви оди од рака, уште помалку веројатно е дека ќе уживате во заедничките моменти. Без тие два елементи нема простор за стабилна и постојана врска, па со оглед на тоа што таквото пријателство го направило своето, понесете си ги лекциите и променете го правецот.

Пријателствата бледеат, тоа е нормална појава. Но, секое од нив носи лекција со себе – извлечете ја поуката и применете ја во новите релации што ќе ги воспоставите.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава